ЕДУКАЦИЈА

Потенцирање на значењето на неформалната едукација преку организирање на предавања, тренинзи, обуки и школи, дискусии, тркалезни маси, панел дискусии.

ШКОЛА ЗА ОБЈЕКТИВИЗАМ ЏОН ГАЛТ, БИТОЛА

Џон Галт Школата претставува образовна програма за студенти, повозрасни средношколци, и генерално млади, кои се заинтересирани да го зголемат своето знаење за филозофијата на објективизмот. Во времетраење од еден семестар, околу 20 студенти на програмата откриваат нова перспектива за односите во општеството, политиките, економијата. Покрај предавањата студентите добиваат можност да го прошират своето знаење преку литературата која им ја овозможуваме, читачкиот клуб и проекција на филмови. Изучување на философија е една од најдобрите работи кои што млад човек може да ги прави, и тоа се со цел да го зајакне своето учеството во актуелните политички, културни и економски сфери на делување. Школата се одржа во Битола во периодот од октомври до декември 2018 година. Одржувањето на беше овозможено преку програмата на Ayn Rand Institute и Balkan Objectivist Center. 
Како дополнителна активност, студентите имаа можност да добијат стипендија и да ја посетат првата Конференција за Објективизам во Европа која се одржа 15-17 февруари 2019 год. во Прага, организирана од Ayn Rand Institute.

ЛИДЕРСКИ ФОРУМ

Заедно со Европски студенти за слобода и Студенти за слобода – Македонија, веќе неколку години организираме лидерски форуми на кои ги запознаваме учесниците со идејата на слободата и методите со кои ја промовираме истата во општеството. Форумите се најчесто еднодневни и опфаќаат теми како основи на либертаријанизам, економија, студентско организирање и активизам, што претставува старт ап и како да се реализира одредена идеја, менаџмент на настани, организирање и водење на студентски групи и слични теми кои варираат од година во година. Досегашни поддржувачи на лидерските форуми се: Европски студенти за слобода, Правен факултет Битола,

До сега сме организирале:
– Лидерски форум 2014 (Правен факултет Битола)
– Лидерски форум 2015 (Правен факултет Битола)
– Лидерски форум 2016 (Правен факултет Битола)
– Лидерски форум 2018 (Винарија Чифлик, Битола)