Завршен настан и презентација на студиите на случај на студентите на школата

Завршен настан и презентација на студиите на случај на студентите на школата

Со завршниот настан кој се одржа на 25 јуни во хотел Милениум, ги заокруживме предвидените активности за оваа школа. Студентите кои во текот на предавањата беа поделени во групи работеа на три различни теми кои ги презентираа а потоа ќе бидат целосно објавени во специјално издание на Journal of Liberty and International Affairs во септември.

Студентите беа поделени во три групи и работеа на темите:

  1. Растот на илиберализмот во Унгарија под владеењето на Орбан
  2. Тоталитаризмот во 21 век: Владеењето на Ким Јонг Ун во Северна Кореја
  3. Ефектите од регулацијата на канабисот врз политиката и општеството.

Своите презентации за темите ги претставија пред присутните кои дојдоа на настанот а по одредени теми се отвори и дискусија каде студентите ги појаснуваа истражувањата на темите на кои работеја. Во секоја од темите преовладуваше одредена област или настан на кој се стави акцент како што е случајот со затворањето на Универзитетот ЦЕУ во Унгарија, во С. Кореја беше споменaт настанот со американскиот студент Ото Вормбиер а кај темата за канабисот беше акцентот ставен на ситуацијата со декриминализација и легализација во соседните држави и нашата.

Со оваа активност се заокружија седумте седмични предавања на Школата за анти-авторитарни студии Стив Наумов, која се организираше за прв пат оваа година како едно семестрална школа што се одржа на Правниот факултет во Битола.