ИСТРАЖУВАЊЕ

Следење на состојбите кои се поврзани со постулатите на нашата мисија, испитување на состојбите и нивно презентирање преку научни трудови и други научни публикации, policy papers, конференции и други научни собири. Исто така превод и промоција на книги и други публикации.

ПРЕВОД НА ЛИТЕРАТУРА

За да придонесеме во либертаријанска литература на македонски јазик, членови на студентската група Студенти за слобода – Македонија, ја преведија книгата Зошто слобода од Том Г. Палмер. Неколку години подоцна ги преведивме и книгите Моралноста на капитализмот и Мир, љубов и слобода од истиот автор, Том Г. Палмер. Печатењето и промовирањето на книгите беше поддржано од Атлас Нетворк. Се одржаа неколку промоции на универзитетите низ Македонија а книгите беа доделувани на сите заинтересирани. На нашиот веб сајт можете бесплатно да ги симнете книгите.