Потенцирање на значењето на неформалната едукација преку организирање на предавања, тренинзи, обуки и школи, дискусии и форуми.

Следење на состојбите кои се поврзани со постулатите на нашата мисија, испитување на состојбите и нивно презентирање преку научни трудови и други научни публикации, policy papers, конференции и други научни собири. Исто така превод и промоција на книги и други публикации.

Учесниците на нашите настани и активности имаат можност да разменат идеи, да посочат проблеми и да дискутираат за нивно решавање од што се наметнува создавање на една отворена мрежа од слободоумни млади лидери кои понатаму ќе продолжат да ги промовираат ваквите идеи во своите средини.