Џорџ Орвел за моќта, тоталитаризмот и манипулацијата

Џорџ Орвел за моќта, тоталитаризмот и манипулацијата

Џорџ Орвел, или неговото вистинско име Ерик Артур Блер, е роден на 25 јуни 1903 во Бенгал, Индија, а умира на 46 годишна возраст, на 21 јануари 1950 година. Претставува еден од најпочитуваните британски автори, најпознат по неговите ремек дела „Животинска фарма” која претставува алегорија на политичко уредување и ,,1984” дистопија, инспирирана од развитокот на тоталитаризмот во Европа во форма на фашизам и комунизам.

Во негова чест издвојуваме 11 негови цитати поврзани со моќта, манипулацијата и тоталитаризмот:

Војната е мир, слободата е ропство, незнаењето е моќ.

Големиот брат те гледа.

Партијата бара моќ за нејзина корист. Ние не сме заинтересирани за доброто на другите, заинтересирани сме единствено за моќ, чиста моќ.

Моќта не е средство, таа е цел. Никој не воспоставува диктатура за да заштити револуција, туку изведува револуција за да воспостави диктатура. Целта на прогонот е прогон. Целта на тортурата е тортура. Целта на моќта е моќ.

Масите никогаш не се бунат за своја сметка и никогаш не се бунат оти се угнетени. Навистина, се додека не им е дозволено да имаат стандарди за споредба, тие никогаш нема да станат свесни дека се угнетени.

Знаеме дека никој никогаш не зграпчува моќ со намера да се откажи од неа.

Колку повеќе општеството бега од вистината, толку повеќе ги мрази оние кои ја зборуваат.

Во време на општа лага, зборувањето на вистината е револуционерен чин.

Кој го контролира минатото ја контролира иднината. Кој ја контролира сегашноста го контролира минатото.

Ако слободата воопшто нешто значи, тоа е право да им го кажуваш на луѓето она што не сакаат да го слушнат. 

На долг рок, хиерархиско општество е единствено возможно врз основа на сиромаштија и лага.

Во прилог неколку текстови:

Никола Љ. Илиевски
Либертаниа