Адам Смит:  личниот интерес,  невидливата рака на пазарот и поделба на трудот
Извор: www.theepochtimes.com

Адам Смит: личниот интерес, невидливата рака на пазарот и поделба на трудот

Адам Смит е роден на 16 јуни, 1723-та година во Шкотска, каде што го поминува поголемиот дел од својот живот, се до неговата 67-ма година. Тој претставува личност од легендарени размери, кој често е претставен како татко на модерната економија, ставајќи го во центарот на неговото учење личниот интерес на поединецот, што индиректно ја создава  почвата за она што ние денес го нарекуваме слободни пазари или капитализам. 

Иако пишува само две книги, Смит ќе биде запаметен по многу нешта, пред се можеби терминот ,,невидливата рака” на пазарот, која успева да креира социјални придобивки кои произлегуваат секогаш кога некој прави нешто воден од својот личен интерес. Па така, „нашата вечера ние не ја добиваме од добрината на месарот, пекарот или пиварот, туку поради нивниот сопствен личен интерес.” 

Тоа не значи дека добрина не може да се најде на пазарите кога тие се оставени да функционираат слободно. Но, на долг рок, успешноста е онаа која го диктира темпото, што од една страна ја убива „добрината,” а од друга страна ги прави успешните се побогати. Сепак, за ова да претставува проблем треба да замислиме свет кој многу се разликува од овој во кој живееме, свет во кој богатите буквално ги горат заработените богатства. Но кога би стапнале повторно на земјата ќе забележиме дека токму водени од својот личен интересен, богатите продолжуваат да ги инвестираат своите богатства. И повторно, успешноста го диктира темпото и распределбата на новосоздадените приходи, а не добрината. Иако тоа може да претставува „нефер” распределба, системот воден од невидливата рака на пазарот и „себичноста” на личниот интерес успева да ги збогати и оние на врвот, но можеби уште поважно, токму оние што се наоѓаат најдолу на доходната скала.

Често се запрашуваме како во свет со толку големо богатство, има луѓе кои мака мачат со гладот и сиромаштијата. Меѓутоа, дури и кога утре би стнале сопственици на магично стапче и решиме да го распределуваме богатството, набргу ќе се соочиме со проблем.

Богатството треба прво да се создаде за потоа да се троши.

Општество кое го става акцентот врз трошењето туѓи пари, по одредено време ќе престане да има што да распределува. 

И повторно, ова не значи дека сиромашните секогаш ќе останат врзани за питачкиот стап, ниту пак дека богатите секогаш ќе уживаат во раскошот. Тоа исто така не значи дека единствен начин за поубав живот за сиромашните е ако богатството се слева надолу, односно само ако богатите стануваат се побогати.

Богатството само по себе не креира ново, поголемо богатство. Некои бизниси пропаѓаат, а оние кои најдобро ги задоволуваат потребите на луѓето се сопственици на новокреираното богатство. А за успех, пазарот не прашува во која доходна група сте се наоѓале пред да ги понудите своите добра и услуги.

Во трговските општества, поделбата на трудот го дели производствениот процес на повеќе различни фази и им овозможува на работниците да се фокусираат на специфични задачи, што го прави целиот процес попродуктивен. Во примерот со фабриката за производство на игли кој Смит го користи, тој вели дека производството може да забележи педесет пати зголемен раст.  Ова и не е некој нов термин кој тој го измислува, бидејќи истиот начин на производство и се практикува во занаетчиските работилници заснована на рачно производство и внатрешна поделба на трудот 

Меѓутоа, тоа е термин кој го потенцира бидејќи колку што е поголем пазарот, толку доаѓа поделбата на трудот до израз. Големината на пазарот за кој зборува Смит е претставена преку бројот на потенцијални купувачи. Зголемената можност за транспорт и комуникација се причините кои го овозможуваат нивото на трговија и поделба на трудот кое го забележуваме денеска.

Па така, во градови како Њујорк, кои бројат повеќе од осум милиони жители, можете да најдете многу повеќе брендови, без оглед на производот кој го барате. Од друга страна, малите градови не само што го ограничуваат вашиот избор туку и прашање е дали воопшто ќе успеете да го најдете посакуваниот производ. 

Ако Смит во „Богатството на народите” зборува за слободните пазари и како тие создаваат просперитет наоколу, често пати се заборава дека во „Теорија на моралните чувства” тој ја положува основата на неговата морална филозофија, правда и потребните институции за функционирање на општеството. Кога ќе се поврзат двете дела на Смит, станува јасно дека подобрувањето на условите за живот на сиромашните игра централна улога во неговото творештво. Па така, овозможени од слободните пазари, поделбата на труд и личниот интерес, преку моќта на невидливата рака го прават токму тоа.

Simon Sarevski

Симон Саревски
Либертаниа