Активист на Студенти за слобода неоправдано уапсен во Белорусија

Активист на Студенти за слобода неоправдано уапсен во Белорусија

Пјотр Маркилау ќе помине 12 дена во затвор, поради подршката која ја изразил за фамилија политички затвореници кои штрајкувале со глад.

Пјотр е еден од најистакнатите активисти во Белорусија во текот на последниве години, а исто така е Регионален координатор за источна Европа на Студенти за слобода. Преку неговиот активизам, лично ги искусил неправдите на авторитарниот белоруски систем. Бил уапсен и приведен во повеќе наврати, без притоа да има некаков повод за тоа. Oчигледно е дека е таргетиран, затоа што е борец и се залага за правда и слобода. И сите ние добро знаеме како опресивните системи се справуваат со оние кои имаат храброст да му се спротивстават, без разлика дали е тоа мирен протест, слободен израз, или поддршка на политички затвореници. 

На 29 Јули, 2020, во ноќните часови, Пјотр беше приведен пред Затворскиот центар во Минск, Белорусија, каде пристигнал за поддршка на група на жени на штрајк со глад.

Три дена претходно, мајката и сопругата на политичкиот затвореник, Димитриј Фурманов, го најавуваат штрајкот со глад пред Центарот, барајќи Димитриј да биде ослободен.

Неколку минути откако Пјотр пристигнал на местото, ОМОН (Мобилна единица за специјална намена во Белорусија) започнале со проверка на присутните активисти. Службениците проверувале акредитации на новинарите кои ги покриваат настаните и веднаш го таргетирале Пјотр. 

Откако ја провериле неговата лична карта, службениците побарале тој да ги следи кон нивниот автомобил за да разговараат.

Кога активистите истакнале дека ова барање е спротивно на прекршочната постапка, службениците тврделе дека Пјотр е личност од интерес за полицијата.

И покрај тоа што бил мирен и не се противел, насилно го ставиле во нивниот автомобил и исчезнале.

На 30 Јули, Судот на областа Московски во Минск го осуди Пјотр на 12 дена затвор според Законот за прекршоци на Белорусија, за, како велат, кршење на правилата за однесување на јавни собири.

Тој ќе биде во затвор до 10-ти август. Не му е дозволено да го види неговиот адвокат, наводно поради пандемијата, и во петокот, на 31-ви јули, добил храна и облека, и не му било дозволено да добие останати работи наредниот ден – според соопштението на затворската управа, работи можат да се добиваат еднаш на 3 дена. 

Извор: www.assets.change.org

Заедницата на Студенти за слобода е длабоко загрижена за тековните настани во Белорусија. Нашата организација ги подржува сите кои го користат правото на протест и израз на мирен начин. Бараме да се стави крај на незаконската употреба на сила, насилното однесување од страна на полицијата и малтретирањето на мирните демонстранти и активисти за граѓански права. 

Доколку и вие се залагате за истото, и сакате да го поддржите случајот на Пјотр, кој е еден од многуте, споделете го ова, користејќи го хаштагот #FreePiotr.

Време е да и ставиме крај на тиранијата, еднаш и засекогаш.

#FreePiotr

#FreePiotr

Dear Friends of Liberty,It is with a heavy heart that I have to send you this message. Once again, one of our students, Piotr Markielau, was unjustly imprisoned by an authoritarian government. Piotr has been with Students For Liberty since 2017. He has done a lot of work for the cause of liberty in his home country Belarus, which is widely considered to be "the last dictatorship of Europe" by the press. Please listen to this message and help us spread awareness by sharing the blog post below, using the hashtag #FreePiotr and/or copying this status to your social media accounts. Peaceful protests do not merit imprisonment and torture. Piotr did nothing wrong and we want to support him and fight against corruption, persecution, and abuse of power. Thank you, Wolf PS: If you’d like to hear more about Piotr’s story, we recently spoke with him in a recent Instagram Live interview where he discusses his previous arrests and the injustices he's encountered in Belarus.

Posted by European Students For Liberty on Friday, July 31, 2020

За повеќе информации околу Пјотр, прочитајте:

Civil Rights Activist and SFL Leader Arrested for Supporting Family of Political Prisoner in Belarus

Special Interview: Piotr Markiełaŭ talks about his experience as an activist in Belarus

Up to 13 Days In Prison For A Coffin Dance in Belarus

Кристина Ставревска
Либертаниа и Студенти за слобода