Анатомија на државата: Како државата сама се чува
Извор: https://mises.org/library/anatomy-state-0

Анатомија на државата: Како државата сама се чува

Глава III: Како државата сама се чува

Кога еднаш државата е воспоставена, проблемот на владеачката група или ,,каста” е како да го обезбеди нејзиното владеење. [7] Додека насилството е нејзиниот модус операнди, основата и проблемот на долг рок се идеолошки. Со цел да остане на власт, секоја влада (не само ,,демократската”) мора има подршка од мнозинството нејзини поданици. Оваа подршка, да се напомене, не мора да подразбира активистички ентузијазам; може да биде пасивна, прифатена како природен закон. Но подршка, во смисла на некакво прифаќање, мора да има; во спротивно малцинството од политички владетели ќе биде надминато со активен отпор од страна на мнозинството. Се додека предаторството мора да биде подржано од вишокот на производство, потребно е класата која ја сочинува државата – активната бирократијата (и елитата), да е малцинство, и покрај тоа што треба да купува сојузници помеѓу побитните групи во населението. Оттука, главната задача на владетелите е секогаш да обезбедат активно или пасивно прифаќање од страна на мнозинството граѓани. [8] [9]

Eден начин за обезбедување на подршка е преку создавање на заеднички интереси. Затоа кралот не може сам да владее; тој мора да има група на следбеници кои ги уживаат привилегиите на владеењето – членовите на државниот апарат, бирократијата или благородништвото. [10] Но сепак тоа обезбедува само малцинство на целосни подржувачи, па дури и купувањето на подршка со субвенции и други привилегии нема да обезбеди согласност од мнозинството. За нејзино есенцијално прифаќање, мнозинството мора да биде убедено со идеологија дека нивната власт е добра, мудра, и во најмала рака нужна и подобра варијанта од можните алтернативи. Промоцијата на оваа идеологија е најбитна општествена задача на ,,интелектуалците.” Целта е широките народни маси да не создаваат свои идеи, или да размислуваат независно, туку да ги следат пасивно оние на ,,интелектуалците,” – создавачите на јавното мислење во општеството. И се додека создавањето на јавното мислење е суштинска потреба на државата, основите за долготрајно сојузништво меѓу државата и интелектуаците се јасни. Јасно е дека на државата им се потребни интелектуалците, но не е јасно, зошто на интелектуалците им е потребна државата. Едноставно, можеби живеењето и благосостојбата на истите во услови на слободен пазар не се гарантирани; интелектуалците зависат од вредностите и изборите на масите, а карактеристика на масите е општа незаинтересираност за интелектуални прашања Државата, од друга страна, им нуди на интелектуалците сигурен и траен комфор во рамките на државниот апарат; и на тој начин им обезбедува доход и ред привилегии. Ги наградува за битната функција која ја изведуваат за владетелите, од кои стануваат и дел. [11] Сојузот помеѓу државата и интелектуалците беше симболизиран со желбата на професорите на универзитетот во Берлин, 19ти век, да формираат ,,интелектуален чувар на Хохенцолерн куќата.” Дозволете ми да цитирам коментар на еминентен Марксистички научник за професорот Витфогел, и неговата критичка студија за антички ориентален деспотизам: ,,Цивилизацијата која професорот Витфогел горко ја напаѓа беше онаа која можеше поетите и научниците да ги направи чиновници.” [12] Од бројните примери, можеме да го напоменеме развојот на стратегијата како ,,наука” во служба на главната насилничка гранка – војската. [13] Ценета институција, посветена на подготвување на гледиштата на властите за нивните делувања и оние на претците. [14]

Постојат многу различни аргументи со кој државата и нејзините интелектуалци ги придобиле нивните поданици да го подржат нивното владеење. Во основа, нишката на аргументи може да биде сумирана на следниот начин: (а) Владетелите на државата се големи и мудри луѓе (тие ,,владеат со помош на божјото право,” тие се ,,аристократијата” помеѓу луѓето, тие се ,,експерти од науката”), далеку подобри и помудри од добрите, но обични луѓе; и (б) владеењето на сеопфатна држава е неминовно, апсолутно потребно и е многу подобро од неописивите зла кои би произлегле од нејзиното пропаѓање. Сојузот помеѓу црквата и државата беше еден од настарите и најуспешните идеолошки механизми. Владетелот беше или поставен од Бог, или, во случај на апсолутно владеење на повеќе ориентални деспоти, беше самиот Бог; па секој отпор кон неговото владеење би бил богохулие. Државното свештенство ја исполнувало основната интелектуална функција на одржување на јавната подршка па дури и обожување на владетелите. [15]

Друг успешен механизам е наметнување на страв за останати алтернативни системи на владеење или невладеење. Денешните владетели, им обезбедуваат услуги на своите граѓани за кои треба да им се благодарни: заштита против криминалци и пљачкаши. За да го обезбеди својот монопол на предаторство, државата се труди приватниот и несистематски криминал да го држи на минимум. Посебно државата била успешна во последните векови во наметнувањето на страв од други владетели. Се додека територијата на земјата е парцелизирана помеѓу конкретни држави, една од основните доктрини на државата била да се поистовети себе со територијата која ја владее. Бидејќи повеќето луѓе имаат тенденција да ја сакаат својата татковина, поистоветувањето на територијата и луѓето со државата е начин да го врбува природниот патриотизам за нејзините интересите. Ако ,,Руританија” е нападната од ,,Валдавија,” првата задача на државата и нејзините интелектуалци е да ги убеди луѓето на Руританија дека нападот е врз нив, а не врз владеачката каста. На тој начин, војна меѓу владетелите се менува во војна меѓу народите, а секој народ доаѓа во одбрана на своите владетели со верба дека тие го бранеле него. Овој механизам на ,,национализам” беше успешен во западната цивилизација во последните векови; а не е многу далеку во минатото, кога војната масовно беше сметана како ирелевантна борба помеѓу различни владетели. 

Државата исто така користела многу суптилни идеолошки оружја низ вековите. Традицијата е одлично оружје. Колку подолго државата си го има обезбедено владеењето, толку помоќно е ова оружје; Х династијата или Y државата ја имаат зад себе тежината на вековна традиција. [16] Обожувањето на предците, претставува суптилен начин за обожување и на античките владетели. Најголема опасност за државата е независен интелектуален критицизам; не постои подобар начин за задушување на критицизам отколку напад над секој изолиран глас, на секој сомнеж, како безбожен поткопувач на мудроста на предците. Друга идеолошка сила е осуда на индивидуалноста и возвишување на колективитетот или општеството. Се додека секое владеење подразбира прифаќање од мнозинството, секоја идеолошка опасност за владеењето може единствено да започне од еден или повеќе критички интелектуалци. Новата идеа, и дотолку повеќе, новата критичка идеа, започнува како мислење и став на малцинство; а државата мора да го поткопа секое гледишта кои му пркоси на јавното мислење. ,,Слушај ги само твоите браќа” или ,,прилагоди се кон општеството” на тој начин стануваат идеолошки оружја за сузбивање на поединечното дисиденство. [17] Со такви мерки, масите никогаш нема да научат за ,,непостоењето на императорското одело.” [18] Исто така е битно владеењето на државата да изгледа неизбежно, дури и во случај конкретната власт да не е посакувана. Еден метод е да се потенцира историскиот детерминизам, како спротивен на личната слобода и волја. Ако Х династијата владее со нас, тоа е поради неизбежните закони на историјата (божјата волја, или апсолутните, или материјалните производни сили) и ниеден поединец не може да направи ништо против тоа. Битно е државата да влее аверзија во нејзините поданици кон секоја ,,историска теорија на заговор;” барањето на заговор значи барање на мотиви и атрубити на одговорност во историските злочини. Ако, секоја тиранија не е наметната од државата, или корумпираноста и воената агресија не е започната од владетелите на државата, туку од мистериозни ,,општествени сили,” или од лошата светска состојба, ако на некој начин сите се одговорни (еден слоган вели ,,Сите сме убијци”), тогаш воошто нема поента спротивставувањето на овие злодела. Згора на тоа, напад врз ,,теории на заговор” значи дека поданиците ќе станат лековерни на верувањата од типот на ,,општа благосостојба”, истакнати од државата, за секое нејзино впуштање во деспотски делувања. ,,Теоријата на заговор” може да го измести системот, предизвикувајќи сомнеж во државната идеолошка пропаганда. 

Друг испробан и вистински метод за потчинување на поданиците на државната волја е наметнувањето на чувство на вина. Секое подобрување на приватната благосостојба може да биде нападнато како ,,алчност”, ,,материјализам,” создавањето на профит како ,,експлоатација,” а доброволните размени со взаемна добивка, како ,,себичност,” секогаш со заклучок дека повеќе ресурси треба да бидат распределени од приватниот кон јавниот сектор. Додека поединците имаат тенденција да уживаат во ,,себична алчност,” неуспехот на владетелите да се вклучат во размена треба да ја означи нивната посветеност кон повисоки, благородни цели – паразитско предаторство споредено со мирољубива и продуктивна работа. 

Во денешната секуларна ера, божјото право на државата е земенета со нов Бог – науката. Владеењето на државата е прокламирано како научно, вклучувајќи го експертското општествено планирање. Но додека ,,разумот” е во поголема мера повикан во однос на претходните векови, сепак истот е сеуште колективистички и детерминистички, подразбира насилна манипулација на пасивните поданици од страна на нивните владетели.

Зголеменото користење на научниот жаргон им дозволи на државните интелектуалци да измислуваат нејасни одбрани на владеењето на државата, соочени со подбив од населението. Крадец кој си ја оправдал кражбата велејќи дека им помогнал на жртвите со трошење и потткинување на трговијата, ќе наиде само на неколку подржувачи; но кога неговото оправдување е дотерано со Кејнзијански референци како ,,мултиплицирачки ефект,” за жал добива повеќе подржувачи. И како што нападот на општиот разум продолжува, задачата во секоја ера е одработена на различни начини.

Така, идеолошката подршка, витална за државата, мора да ја импресионира јавноста со нејзината ,,оправданост,” да направи разлика помеѓу нејзините активности и оние на разбојниците. Жестината на нејзините напади на општиот разум не е случајна, како нагласува Менкен:

,,Просечниот човек, во најмала рака ја гледа владата како нешто надвор од него и неговите блиски – одделна, независна, и непријателска моќ, делумно под негова контрола, но способна да му направи голема штета. Дали е небитен факт дека ограбувањето на владата секаде е сметано за криминал со помало значење отколку ограбување на поединец, или пак корпорација?… Она што се крие позади ова, верувам дека е длабока смисла за фундаментален антагонизам помеѓу владата и луѓето со кои владее. Восприемана е, не како комитет на граѓани, избран за да се бави со заедничките работи на целото население, туку како одделна и автономна корпорација, главно посветена на експлоатација на населението за сметка не нејзините членови… Кога физичко лице е ограбено, истото е лишено од плодовите на неговиот труд, а кога владата е ограбена, најлошото што може да се случи е дека некои измамници располагаат со помалку пари од претходно. [19]


[7] За круцијалната разлика помеѓу ,,каста” група со привилегија и марксистичкиот концепт на ,,класа” во општестово, види Ludwig von Mises, Theory and History (New Haven, Conn.: Yale University Press, 1957), pp. 112 ff. 18
[8] Такво прифаќање не постои, секако, подразбира дека владеењето на државата станало ,,доброволно”; па дури и доколку мнозинската подршка е активна или енергична, оваа подршка не е едногласна, од секој поединец.
[9] Дека секоја влада, колку и да е ,,диктаторска” мора да обезбеди таква подршка беше демонстрирано oд политички теоретичари како Етиен де ла Боети, Дејвид Хјум и Лудвиг вон Мисес. David Hume, “Of the First Principles of Government,” in Essays, Literary, Moral and Political (London: Ward, Locke, and Taylor, n.d.), p. 23; Étienne de la Boétie, Anti-Dictator (New York: Columbia University Press, 1942), pp. 8–9; Ludwig von Mises, Human Action (Auburn, Ala.: Mises Institute, 1998), pp. 188ff. Повеќе за анализата на државата на Ла Боети види Oscar Jaszi and John D. Lewis, Against the Tyrant (Glencoe, Ill.: The Free Press, 1957), pp. 55–57.
[10] La Boétie, Anti-Dictator, pp. 43–44. 
Секогаш кога владетелот преминува во диктатор… сите оние кои се зафатени од огнената амбиција и извонредна лакомост, се собираат околу него и го подржуваат во поредокот кој треба да го споделува со нив и да ги воспостави во мали шефови под големиот тиранин.
[11] Ова не подразбира дека сите интелектуалци се сојузници на државата. За аспекти на сојузништвото помеѓу интелектуалците и државата види: Bertrand de Jouvenel, “The Attitude of the Intellectuals to the Market Society,” The Owl (January, 1951): 19–27; idem, “The Treatment of Capitalism by Continental Intellectuals,” in F.A. Hayek, ed., Capitalism and the Historians (Chicago: University of Chicago Press, 1954), pp. 93–123; reprinted in George B. de Huszar, The Intellectuals (Glencoe, Ill.: The Free Press, 1960), pp. 385–99; and Schumpeter, Imperialism and Social Classes (New York: Meridian Books, 1975), pp. 143–55. 
[12] Joseph Needham, “Review of Karl A. Wittfogel, Oriental Despotism,” Science and Society (1958): 65. Нидам исто така пишува дека ,,наследните [кинески] императори беа служени од образовани луѓе (научници), во сите времиња на владеење,” стр.61. Витфогел истакнува дека Конфучијанската доктрина, во која славата на владеачката класа се базирала на овие господа, научници-бирократи, осудени да бидат професионални владетели, диктирајќи им на масите. Karl A. Wittfogel, Oriental Despotism (New Haven, Conn.: Yale University Press, 1957), pp. 320–21 and passim. За став спротивен на Нидам, John Lukacs, “Intellectual Class or Intellectual Profession?” in de Huszar, The Intellectuals, pp. 521–22. 
[13] Jeanne Ribs, “The War Plotters,” Liberation (August, 1961): 13, ,,стретизите инсистираат дека нивната професија заслужува ,,возвишена академска паралела на военaта.” Исто така види Marcus Raskin, “The Megadeath Intellectuals,” New York Review of Books (November 14, 1963): 6–7. 
[14] На тој начин историчарот Коњерс Рид, во своите претседателски говори заговара потиснување на историски факти во служба на ,,демократските” и националните вредности. Рид објавува дека ,,тотална војна, без разлика дали е топла или студена, ги вклучува и повикува сите да ја одиграат својата улога. Историчарот не е послободен во обврската од физичарот.” Read, “The Social Responsibilities of the Historian,” American Historical Review (1951): 283ff. За критика на Рид и други аспекти на историја види Howard K. Beale, “The Professional Historian: His Theory and Practice,” The Pacific Historical Review (August, 1953): 227–55. Исто така Herbert Butterfield, “Official History: Its Pitfalls and Criteria,” History and Human Relations (New York: Macmillan, 1952), pp. 182–224; и Harry Elmer Barnes, The Court Historians Versus Revisionism (n.d.), pp. 2ff.
[15 ]Wittfogel, Oriental Despotism, pp. 87–100. За спротивните улоги на религијата vis-à-vis државата во античка Кина и Јапонија, види Norman Jacobs, The Origin of Modern Capitalism and Eastern Asia (Hong Kong: Hong Kong University Press, 1958), pp. 161–94.
[16] De Jouvenel, On Power, p. 22: Есенцијалната причина за покорување е дека истата станала навика на видовите…. Моќта за нас е природен факт. Од најраните денови на запишаната историја, секогаш доминирала над човековите судбини…. Авторитетите кои ги управувале (општествата) во поранешните времиња не исчезнале без пренесување на привилегиите на нивните наследници, ниту пак без оставање на печат во човековите умови. Наследувањето на владите, кои во текот на вековите го управувале истото општество можат да се гледаат како единствена влада во продолжение.
[17] За такво користење на религијата во кина види Норман Џејкобс.
[18] H.L. Mencken, A Mencken Chrestomathy (New York: Knopf, 1949), p. 145: Сите (влади) можат да видат оригинална идеа во потенцијална промена и инвазија на нивни привилегии. Најопасниот човек, за секоја влада, е човекот кој е способен да ги размислува работите за себе, без оглед на доминантните суеверија или табуа. Скоро неизбежно доаѓа до заклучок дека владата под која живее е нечесна, луда и нетолерантна, а ако е романтичар, ќе се обиде да ја промени. Па дури и ако не е романтичен, може да го сподели своето размислување со оние кои се.

[19] H.L. Mencken, A Mencken Chrestomathy (New York: Knopf, 1949), p. 146–47.

Превод од англиски:
Никола Љ. Илиевски
Либертаниа – ЦСП