Анатомија на државата: Што е државата
Извор: https://mises.org/library/anatomy-state-0

Анатомија на државата: Што е државата

Глава II: Што е државата

Човекот е роден гол на овој свет и со употребата на умот научи како да ги користи ресурсите од природата.

Единствениот начин да ги користи е со помош на неговиот ум и енергија да ги видоизменува ресурсите (производство) и да ги разменува истите со други производи создадени од други (трговија).

Човекот научи дека преку процесот на доброволна (взаемно-согласна) размена, продуктивноста и стандардот на сите учесници во размената може драстично да се зголеми. Единствената природна насока за човекот да преживее и ужива во животот е со користење на својот ум и енергија вклучени во процес на создавање и размена. Најпрво тоа го прави со пронаоѓање на природни ресури, нивна обработка (со ,,мешање” на неговиот труд, како што истакна Лок) и создавање сопственост, а потоа со размена на својата со останатите. Општествениот пат одреден од неговата природа е патот на приватната сопственост и слободниот пазар, како и преносот на таквите права. Преку овој пат луѓето научиле да избегнуваат ,,методи на џунглата” или физичка борба за ретките ресурси, т.е. наместо А да се здобие со нив на сметка на Б, истите да ги користи преку мирно и хармонично создавање и размена. Големиот германски социолог Франц Опехајмер истакна дека постојат два фундаментално различни начини за создавање. Првиот, преку создавање и размена, кој го нарекол ,,економски начин,” а вториот е оној кој подразбира одземање со принуда на веќе создаденото. Вториот е метод на конфискација, или кражба, или како го нарекува Опенхајмер ,,политички начин.” Треба да биде јасно дека мирољубивото користење на умот и енергијата во создавање е природниот пат на човекот: начините за негов опстанок и просперитет се тука, на Земјата. Исто треба да биде јасно дека принудата и начините на експлоатација се спротивни на природното право. Политичките начини го насочуваат производството кон поединец или група – паразит, и истото не само што е одземање од создаденото, туку и ги намалува мотивите на создавачите. На долг рок, ограбувачот ja загрозува и својата егзистенција со елиминирање на изворот на истата. Но не само тоа, дури и на краток рок, предаторот делува спротивно на неговата природа како човек. Сега сме во позиција да одговориме на прашањето: што е државата? Државата, во зборовите на Опенхајмер е ,,организација на политички начини”; таа е систематизација на предаторскиот процес на одредена територија.[4] Но паразитизмот и таквиот начин на живеење може да се прекине со отпор на жртвите. Државата обезбедува правна и систематска структура за повреда на приватна сопственост и релативно мирен тек на паразитската каста во општеството. [5] Се додека производството му претходи на предаторството, слободниот пазар му претходи на државата.

Државата никогаш не била создадена со општествен договор, туку е родена со освојување и експлоатација.

Класичната парадигма е следната: освојувачко племе со својот метод на преживување – крадење и убивање, запира и сфаќа дека грабежот би бил поголем и ситуацијата попријатна, ако на освоеното племе му дозволи да живее и да произведува со освојувачите како владетели, и им обезбеди сигурен годишен данок. [6] Еден од начините на раѓање на државата може вака да се илустрира: во ридовите на јужна ,,Руританија,” една банда успева да одржи физичка контрола (власт) врз територијата, и конечно главниот на бандата прогласува ,,Суверено кралство и независна власт на Јужна Руританија”; и нормално тој и неговите луѓе продолжуваат да користат насилство за да го одржат своето владеење, новата држава се приклучува во ,,фамилијата на нациите,” а поранешните водичи на бандата се преобразуваат во благородништво на кралството.


[4] Franz Oppenheimer, The State (New York: Vanguard Press, 1926) стр. 24 –27: Постојат два фундаментално спротивни начина за задоволување на човековите желби. Тие се работа и кражба, сопствен труд и насилно одземање на останати… Предлагам во следната дискусија оние на работа да се нарекуваат економски, додека оние на насилно одземање политички… Државата е организација на политички начини. Аналогно, државата не може да постои додека со економски начин не се создаваат производи за задоволување на потребите, за истата да ги одземи.

[5] Алберт Џеј Нок напиша дека државата изјавува и одржува монопол на криминал… Таа го забранува убиството, но во исто време оргнизира убиства во колосални размери. Ја казнува кражбата, но ги пушта рацете во се што ќе посака. Nock, On Doing the Right Thing, and Other Essays (New York: Harper and Bros., 1929), стр. 143; цитирано во Jack Schwartzman, “Albert Jay Nock—A Superfluous Man,” Faith and Freedom (December, 1953): 11.

[6] Oppenheimer, The State, стр. 15: Дали државата е социолошки концепт? Државата, целосно во својата генеза… е општествена институција, од победничката група на луѓе врз поразената, со единствена цел регулирање на територијата и обезбедување против револт од внатре и напад од надвор. Телеолошки, ова владеење нема друга цел освен економска експлоатација. И де Џувенил напишал: ,,Државата во суштина е резултат на успесите постигнати на банда над малите и различни општества.” Bertrand de Jouvenel, On Power (New York: Viking Press, 1949), стр. 100–01.

Превод од англиски:
Никола Љ. Илиевски
Дел од тимот на Либертаниа – ЦСП