Аргументот за слобода

Слободата создава просперитет. Oние општества кои ја прифатија се збогатија, а оние не, останаа сиромашни.

Но, слободните општества се супериорни и во нематеријална смисла исто така. Тие функционираат врз основа на заемна доверба и соработка меѓу поединците, не врз основа на моќ и принуда. Неговите граѓани споделуваат длабоки културни, лични и морални врски. Тие ги прифаќаат правилата на меѓучовечките поведениа доброволно, за нивна заема корист, а не дека тие правила им се наметнати. Тамошните власти ја имаат согласноста на владеените, и се управувани од правила за да се спречи злоупотреба нивната моќ.

Слободното општество го ослободува човековиот талент, креативност и иновативност. Тоа овозможува да создаде богатство каде што не постоело претходно. Луѓето во слободно општество не стануваа богати со екплоатирање, како елитите во помалку слободните земји. Тие не можат да станат богати со осиромашување на останатите. Тие стануваат богати само преку обезбедување за останатите на она што го сакаат и со унапредување на нивните животи.

Ограничена власт

Поголемиот дел од луѓето се согласуваат дека владата е потребна за цели како што се постигнување на правда, и одлучување за работи кои поединците не можат сами да ги одлучат. Но, исто така, скоро секој ќе се согласи дека моќта на владата мора да биде ограничена. Владата во слободното општество постои за да спречи штета врз своите граѓани. Таа ја одржува и извршува правдата – природните правила кои овозможуваат поединците мирољубиво да соработуваат.

Владата во слободното општество е ограничена од владеењето на правото. Правото важи еднакво за секој. Нејзините водичи не можат да ги користат граѓаните за нивни цели, да даваат услуги на пријатели, или да користат моќи против нивните непријатели. Нивните моќи и времето на позиција се ограничени, со цел да се намали корупцијата која доаѓа со моќта. Демократските институции како што се слободни и демократски избори, право на слобода на говор, одредува ограничувања на претставниците и уставните правила одржуваат ограничувања на моќите на политичките водичи.

Поголема еднаквост

Главните добитници од економската динамика во слободните општества се сиромашните. Слободните општества се економски поеднакви од неслободните. Сиромашните во најслободните уживаат во работи кои не беа ниту сонувани неколку години претходно, достапни само за владеачките елити во не-слободните земји.

Слободното општество не наметнува материјална еднаквост. Тоа препознава дека обидот за еднаквост во богатство или приход е контра-продуктивен. Тој ги уништува поттиците за само-подобрување, напорна работа и претприемништво. Тој ги обесхрабрува луѓето од градење капитал кој ја поттикнува продуктивноста во целото општество. Тој ги спречува поединците од создавање на ново богатство и нова вредност. 

Но, слободните општества уживаат една побитна еднаквост. Приватната сопственост е неопходна за луѓето да развиваат бизниси и размена на добра. Но исто така е суштински, дали останатите слободи се почитувани. Ако властите ја контролираат целата сопственост, политичка акција и отворена дебата стануваат скоро невозможни.

Правда и владеење на право

Правдата не е нешто што може да биде диктирано од законодавецот. Правилата на правда се дел од човековата природа – витален дел од нас кој овозможува во промоцијата на мирољубива соработка меѓу поединците.

Луѓето во слободно општество имаат право на оваа природна правда. Природната правда гласи дека сите закони мора да бида јасни и прецизни, да ги третираат луѓето еднакво, да не го бараат невозможносто, да немаат ретроактвно дејство, а казните се предвидливи и одговараат на повредата. Мора да постои правен процес за сите случаи, со фер судења и во разумен рок. Луѓето обвинети за повреди мора да се третираат како невини, се додека не се докаже дека се виновни, и поединците не смеат да бидат повеќе пати лишувани од слобода за ист престап. Овие принципи се прифатени скоро од сите, независно од нивната земја, култура, раса или религија.

За да се гарантира природната правда и да се одржува владеење на правото, двете подразбираат соодветно независно судство кое не може да биде под влијание на политичките водичи. Полицијата, слично, мора да биде независна. Митото и корупцијата не може помеѓу полицијата и судството, не може да бидат толелирани, доколку сакаме слободата да опстани.

Спонтано општество

Слободното општество е спонтано општество. Тоа се гради од делувањата на поединците, следејќи ги правилата за мирољубива соработка. Не е наметнато од горе, од политичките власти.

Луѓето не мора да се согласуваат за се, за да соработуваат со заемни придобивки. Овие размени мора да се усогласат преку цените. Но, за соработката да биде најплодна, поединците мора да ги толерираат погледите и дејствијата на другите. Слободното општество им дозволува на поединците и властите да се мешаат, само за да спречат некаква штета. Ограничувањето на човековата слобода, на оние луѓе со кои не се согласуваме, ја отргнува секоја пречка против повреда на сечија слобода.

Толерирањето на идеите и животните стилови на останатите луѓе дава придонес за општеството. Вистината не е секогаш очигледна; таа се појавува во битката на идеите. Не можеме да веруваме во цензурирање на погрешни идеи. Тие можат на грешка да цензурираат идеи или начини на делување кои ќе донесат голем придонес за општеството во иднина. 

Свет на слобода

Станува се птоешко и потешко тиранските власти да ги скријат своите делувања од останатиот свет. Како резултат, се повеќе и повеќе земји ја отвораат нивната трговија и туризам, а и нови идеи се шират. Поголемиот број на луѓе ги гледаат придобивките на економската и општествената слобода, и ги бараат истите.

Тешко е да се создаде морал и институции на слободно општество, онаму каде што не постои слобода. Наместо да се наметнат на големо, подобро е да се започне на микро ниво, да се создадат услови кои ќе им овозможат на луѓето да делуваат слободно и да градат слободно општество преку нивните делувања. Клучен дел за ова е институтот на праватна сопственост, за луѓето да можат да ги градат своите бизниси и трговии со верба дека нивната сопственост нема да биде одземена.

Реформите треба да донесат автентична економска слобода, а не крони капитализам. Премногу влади кои тврдеа дека ги приватизираат државните индустрии, фактички ја префрлија сопственоста во рацете на нивните роднини и пријатели. Потребно е целото население да биде вклучено во процесот на економска реформа, ако сакаме да постигнеме вистинска промена. 

Земјите не губат од отворање кон меѓународната трговија. Заштитата на домашните производители против конкуренцијата, едноставно значи повисоки цени и послаб квалитет за домашните корисници. Да се биде дел од меѓународната трговска заедница им дава на локалните претприемачи нови пазари и можности. Отворањето на трговијата во последните три децении, издигна повеќе од милјарда луѓе од сиромаштија. Слободната е навистина една од најпродуктивните сили во човековата историја.

Превод: Никола Љ. Илиевски