Четвртата сесија од Школата Џон Галт беше посветена на архетипот на херој според Ајн Ренд, сублимиран преку нејзините ликови и пронаоѓање на светски, но и домашни херои според овој архетип. Предавањето го одржа Наум Локоски кој ги претстави Џон Галт од книгата Atlas Shrugged и Хауард Рорк од книгата The Fountainhead.
Дополнително во текот на предавањето, тој презентираше и херои од вистинскиот живот кои би можеле да се класифицираат според овој архетип, а со присутните учесници се дискутираа и препознаваа вакви херои од нашето опкружување.
Школата ќе продолжи со следната петта сесија (22.11.2023) и предавањето на Бошко Караџов на тема „Објективистичка етика”.
Школата како неформална академска образовна програма има за цел запознавање на македонската стручна и општа јавност со филозофските идеи и книжевните дела на руско- американската писателка и филозоф Eјн Ренд. Истата предвидува 8 (осум) сесии во кои дваесетина селектирани учесници ќе се запознаат со нејзините филозофски концепти, социјални вредности, идеали и книжевни остварувања со цел актуализација на вредностите на индивидуализмот и слободата во македонското општество и култура.