Балкански либертаријанизам (слободарство)

Балкански либертаријанизам (слободарство)

Турбулентното минато на поранешните југословенски земји (Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Македонија и Косово) остави лузна и во сегашноста. Во минатото, регионот бил арена за натпревар помеѓу европските центри на моќ, па комунизам, шовинистички национализми, а сега распространет етатизам и општа корупција во политичкиот живот. Пост југословенски земји во западен балкан – со исклучок на поразвиената Словенија, се уште се судираат со корупција, недостаток на владеење на право, цензурирани медиуми, недостаток на транспарентност во јавниот живот и организиран криминал. Изворите на овие проблеми не водат непосредно до институцијата држава: често надуена, со широка регулација, инфлација. Нејзината политичка класа е поврзана со организираниот криминал и отпорот кон локални и грасрут тенденции, барајќи да се одржи моќта преку разгорување на националистички антагонизми, решавање на вештачки создадени проблеми, или зголемување на јавното трошење.

    Општество загадено со Сталинизам и автократско политичко наследство, се чини е тешка арена за промовирање на идеите на слободен пазар, лична слобода и принципот на не-насилство. Благодарение на кратките разговори со претставниците на либертаријански групи во Србија, Босна, Македонија и Хрватска, научив дека не само што тие се со отворени умови, туку често креативни луѓе, решени да ја постигнат целта: зголемување на слободата и намалување на репресијата на државата во нивните земји.

Образовен удар врз државата

Мнозинството на активности на јужно словенските либертаријанци се фокусирани на образование од широк спектар, како организирање на семинари, предавање, образовни програми, конференции, или превод на книги и објавување на публикации. На овој план, српскиот Либертаријански клуб Либек и босанското Здружение на граѓани Мулти се најмногу активни, редовно коментирајќи ги економските случувања во националните медиуми. Либертаријанците од Либек анализираат економски и правни случувања, како истражувачи и новинари, посебно на нивниот портал Talas.rs, воспоставен во 2017. Либек редовно организира работилници и конференции поврзани со економија, право и политички науки, со посебен интерес врз преобразбата на политичкиот систем и студии за тоталитаризам и авторитаризам.

Мулти, основана во Тузла, ги започна своите активности со издавање на образовниот филм ,,Економија во 60 минути,” па превод на либертаријански книги, како што е Capitalism and Freedom од Милтон Фридман и собрани дела од Фредерик Бастиат. Исто така тие ги издадоа и авторските книги ,,Uvod u Objektivizam” и ,,Islam i Slobodno Trziste” – уникатен приказ за слободниот пазар од исламска гледна точка. 

Македонската Либертаниа е организација со сличен профил како претходно споменатите. Нивните активности се редовно објавувани на нивниот блог, а дел од нивниот тим се уредници на Journal of Liberty and International Affairs. Благодарение на работата на повеќе активисти, организацијата ги издаде македонските верзии на книгите на Том Г. Палмер, Зошто слобода, Мир, Љубов, Слобода и Моралноста на Капитализмот

Постои одредено ниво на либертаријански успех во Босна и Херцеговина, со оглед на фактот дека во најголемите четири града во земјата постојат либерални и/или либертаријански организации. Мулти е основана во Тузла, Liberalni forum во Сараево, Business Affirmation Centre во Зеница, Udruzenje ekonomista RS SWOT во Бања Лука. Најпознатата, Мулти, во соработка со локалната организација на European Students for Liberty, го организираа Open Fest, кој беше своевремено најголемиот либертаријански настан во светот. Во текот на годината, редовно се организираат школи за либерализам, економски семинар и образовни работилници. Liberalni forum се вклучува во меѓуетнички дијалози во Босна и поставува дебати за политичкиот систем и системските реформи во Босна и Херцеговина. Libek во соработка со српската гранка на ESFL организираа регионална конференција во 2015, како LibertyCon, двете во Белград. Редовно водат економски работилници во духот на Австриската економска школа. Либертаниа организира лидерски форуми и серија на економски и правни предавања, наречени Школа за анти-авторитарни студии

Интересен проект кој комбинира образование со активизам е хрватската организација Lipa – Udruga poreznih obaveznika. Како што и самото име кажува, Липа се залага за намалени даноци, но исто така и за транспарентност во јавното трошење, намалување на јавниот долг и ограничување на администрацијата. Нивните креативни онлајн иницијативи и јавни случувања во центарот на Загреб, привлекоа големо медиумско внимание. Црната книга е регистер за трошењето на јавните пари, додека пак Барометарот на компетитивност е алатка за мерење на ефектот на економските реформи и нови регулации во конкретни индустрии. На нивната веб страна може да се најде бројач за јавен долг

Над грасрут активности

Образованието е главно поле за активност на јужно словенските либертаријанци. Постои консензус помеѓу нив дека ова е најефикасниот начин на промовирање на идеи, во овој момент. Активистите од овие организации се вклучуваат во лобирање и политички активности. Адмир, од Мулти анализира образовни и политички наслови (посебно за тоталитарни режими) за Atlas Network, а исто така е кандидат на овогодинешните локални избори за претставници во градскиот совет на Тузла. Од 2013, Либек го организираат нивниот годишен марш на даночни обврзници под слоганот Odbrani novcanik. Липа го искористи правото на законодавна иницијатива до хрватскиот парламент, и достави нов ,,дерегулирачки” нацрт-закон, наречен ,,Оставете не да работиме,” со кој се ограничуваат трудовите и даночните регулации на малите и средните бизниси.

Како и да е, политичката активност на либертаријанците во ниедна балканска земја не е фокусирана на создавање на политичка партија со либертаријански профил. Таква партија не постои е веројатно нема да постои во догледно време. ,,Нема потреба од партија. Со ниско разбирање за идеата, а и со потенцијално мал број на гласови, нема смисла,” вели Никола, активист од Либертаниа. ,,Се обидуваме да лобираме и да ја префрлиме либертаријанската агенда на постоечките партии,” додава Адмир. Според него, босанските либертаријанци, соработувале со социјални и центристички либерални партии. Проблемот е, пренагласената социјална природа на првите и неодржливиот делокруг и ограничените можности на вторите. 

Земјите од западниот балкан, генерално имаат недостиг на партии кои предлагаат либерални економски решенија- Во таа насока, српската партија ,,Нова”  се истакнува позитивно. Има два претставници во парламентот во претходниот мандат (2016-2020). Но таа е само капка во океанот етатизам. Во Хрватска, надежите се поврзани со новоформираната ,,Фокус” партија, која заговара намалена фискална репресија и администрација, иако сега има мало влијание. Политичката активност е навистина ограничена. Никола наведува дека првата промена во македонското општество е менталитетот на граѓаните: ,,Наместо да очекуваме нечија помош, пред се треба да бидеме одговорни за нашето делување,” и само тогаш можеме да размислуваме за партии и сериозни промени. 

Тоа не враќа назад кај грасрут активностите кои можат да го променат менталитетот.

Фокални точки на интерес

Проблемите споменати на почетокот на овој текст, поврзани со ограниченото владеење на право и цензурирани медиуми, исто така се поврзани и со економијата на овие земји.

    Балканските Левијатани, не се целосно реформирани по крахот на социјалистичка Југославија, и сеуште се вплеткуваат во многу аспекти на животот. Адмир ја поврзува боснската држава со …слон. ,,Во Босна, не постои голем проблем со социјалните слободи. Не постојат организации кои им се спротивставуваат на либертаријанските постулати, како на пример легализација на марихуаната. Проблемот е што слонот размислува на ад хок основи, бара политички поени во зголемувањето на државата и е отпорен кон секакви надворешни гласови и мислења.”

    Недостатокот на длабоки и широки економски реформи е голем проблем во Србија, каде повеќето големи индустрии се во државна сопственост. Стефан, ESFL активист, споменува цела низа реликвии останати од ерата на Милошевиќ. Српските ,,реформи” по 2000 година го направија прашањето на приватизација, многу сензитивно. ,,Кога јавните компании беа приватизирани, беа продадени на организираниот криминал, или во најмала рака по кронистички принципи. Денес ако зборувате за приватизација, треба тоа да го направите на вистинскиот начин.” Владата субвенционира странски инвестиции, и тоа на сметка на домашните, со нови даноци и регулации. Државните претпријатија се потчинети на интересите на владеачката партија, ветувајќи им дополнителни бенефиции за подршка на Српската напредна партија

    Недостатокот на либертаријанска едногласност во однос на евро-атланските интеграции не е ништо ново. Слично, и на балканот, либертаријанската заедница е скептична кон етатизмот и бирократијата на ЕУ, но исто така гледа и можности во интеграциите. 

    Матко, активен во Хрватското ESFL, заклучува дека неговата земја е ,,најевропеизирана во регионот (освен Словенија).” ,,Ние немаме корупција или проблем со транспарентност во размери како останатите на Балканот. Во моментот сме корисници и на бенефициите од ЕУ.” Никола додава дека процесот на европска интеграција може да биде форма на закана за националните владеачки авторитети, дополнителен контролен механизам кој би ги изнудил политичарите на реформи. Бенефитите од учеството на заедничкиот пазар, укинувањето на царините и слободата на движење се магнет за жителите на пост југословенските земји.

    Во Босна, европските интеграции се прашање на далечна иднина. Земјата, чиј устав е Дејтонскиот мировен договор, е силно подржана од различни европски фондови. Исто така е единствена федерација во оваа група, која е прикажана како проблем – администрацијата расти, а показател е бројот на федерални министри, кој е 120. Босанските либертаријанци, се едни од главните бранители на територијалниот систем поделен помеѓу децентрализирана муслиманско-хрватска федерација – моделирана како Швајцарија, и централизираната Република Српска. Во децентрализираната федерација, локалните активности и иницијативи подобро се развиваат, и во таква структура, се донесуваат подобри одлуки за економските прашања.

    Либертаријанците во Босна и Херцеговина, Србија, или Македонија не се голема група на луѓе – целото движење во секоја земја, во најдобар случај има околу стотина луѓе. И покрај тоа, нивната работа и одлучност се инспиративни, со оглед на историскиот багаж кој го носат. Му посакувам на моите соборци од балканот успех во нивниот пат кон проширување на слободата и ограничување на улогата на државата.

Оригиналниот текст на полски јазик можете да го најдете тука, а неговиот превод на англиски, тука.

Автор:
Филип Чомник, 
Stowarzyszenie Libertarianskie


Превод:
Никола Љ. Илиевски,
Либертаниа