Читачки клуб и дискусија по есеите на Ејн Ранд

Читачки клуб и дискусија по есеите на Ејн Ранд

На 26 ноември на Школата за објективизам – Џон Галт во Битола се одржа петтата сесија, или читачката сесија, на која што студентите читаа извадоци од есеи од Ејн Ранд, како и други објективисти.

Студентите имаа шанса да продискутираат околу епистемологијата, односно начините на кои човекот го добива знаењето, метафизиката, односно реалноста или стварноста, како и општествените последици на тоа, имено етиката и политиката. Особен интерес помеѓу студентските дискусии предизвика политиката во рамки на објективизмот изведена како радикален капитализам.