Читачки клуб на Школата за анти-авторитарни студии во Скопје

Читачки клуб на Школата за анти-авторитарни студии во Скопје

На 13 ноември на Школата за анти-авторитарни студии – Стив Наумов во Скопје, се одржа третата сесија, читачки клуб на која учесниците имаа шанса да читаат делови од есејот на Хенри Дејвид Торе, За должноста на граѓанска непослушност, како и да дискутираат во однос на истиот.

На сесијата беше разговаран општествениот контекст во Америка во 19 век, движењето на аболиционистите, како и потребата за граѓанска непослушност кога законите озакуноваат неправди. Исто така, беше спомената и морално-правната традиција на анархо-пацифизам, дополнително зајакната со делата на Торе во овој период.

Следната сесија ќе се одржи на 13 ноември, во истото време и место, а студентите ќе имаат прилика да слушнат предавање на тема Авторитаризам во 21 век, во изведба на професорот Горан Илиќ од Правниот факултет во Битола.