Читачки клуб во рамки на Школата за анти-авторитарни студии

Читачки клуб во рамки на Школата за анти-авторитарни студии

Читачкиот клуб е претпоследната активност на школата за анти-авторитарни студии кој се одржа на 5 јуни во просториите на Правниот факултет. На овој настан студентите имаа можност да се запознаат со есејот на Хенри Дејвид Торо насловен како Граѓанска непослушност (Civil Disobedience).

Торо е писател, поет, филозоф кој творел во средината на 19 век залагал за идеите на аболиционизмот, ниските даноци и останати слободарски и анархистички идеи. Во есејот за Граѓанска непослушност  се осврнува на потребата односно немањето потреба од државата во многу сфери од човековиот живот. Во тој период се залага за слобода на робовите, немешање на државата во приватната сопственост преку оданочување и разни давачки кон граѓаните како и односот со имигрантите во тоа време кои бегаат од војните во Мексико. Една од неговите најпознати реченици е: Најдобра власт е онаа која што не владее со своите граѓани.

Студентите читаа делови од овој есеј и дискутираа по истите споредувајќи ги идеите од пред два века кои што се актуелни и денес и се уште можат да се применат на денешните услови во модерното општествено уредување.

Со оваа активност се затвори циклусот на предавања на школата и останува уште завршниот настан каде студентите ќе ги презентираат своите студии на случај. Студиите на случај потоа ќе бидат објавени и достапни за симнување во Journal of Liberty and International Affairs.