Доблеста на егоизмот и основите на објективистичката етика


На 23.11.2023 во рамките на Школата за објективизам – Џон Галт 2023, како дел од петтата сесија, се реализираше предавањето на проф. д-р Бошко Караџов со наслов: Доблеста на егоизмот и основите на објективистичката етика. Во него проф. Караџов ги запозна учесниците на Школата со улогата и местото на моралната филозофија на Ајн Ренд во системот на нејзината објективистичка филозофија, како и со значењето на содржините од нејзината книга посветена на етиката како филозофска дисциплина – The Virtue of Selfishness (1964).

Поконкретно, проф. Караџов говореше за релациите помеѓу моралната филозофија на Ајн Ренд и Аристотеловото етичко учење изложено во книгата Никомахова етика. На темелот на нивната заедничка доверба дека смислата и целта на човековото постоење е во потрагата и правото на евдамонија (благосостојба, среќа и процут), проф. Караџов историски ги контекстуализираше елементите на моралната филозофија на Ајн Ренд со морално-правниот натурализам, Кантовата автономна моралистика, учењата на Џон Лок и Џ. С. Мил за природната состојба, границите на слободата и природниот закон, како и идејата за себе-поседувањето на американскиот анархист Џозеф Ворен.

Па врз основа на сето ова, во завршниот дел од предавањето д-р Кароџов го објасни нејзиното морално учење за доблеста на егоизмот, посочувајќи дека истото воопшто не е никава безочна, ничеанска или палео-дарвинистичка теорија за некава си вредност на неморалноста и „газењето” по туѓата несреќа, ниту пак е некаква „интелектуална“ апологијата на злодејството. Туку, и исклучиво, метаетичка теорија која низ критиката на колективистичкиот алтруизмот упатува на потребата од борба против идеологизираната и лажна етатистичка морализација на неморалното.