Предавање на Школата за анти-авторитарни студии на тема: Држава дадилка – патернализам и прохибиции

Предавање на Школата за анти-авторитарни студии на тема: Држава дадилка – патернализам и прохибиции

На 21 мај, на школата за анти-авторитарни студии предавање имаше Никола Петровски на тема: Држава дадилка – патернализам и прохибиции, каде се осврна на улогата на државата во приватниот живот на нејзините граѓани. Како пример за ваквото однесување беше искористена темата која доби голема популарност во последните години насекаде низ светот а тоа е декриминализацијата и легализацијата на канабисот.

На почеток беше даден историски осврт за употребата на канабисот во разни култури, користен како лек или како материјал за производство на продукти од коноп. Потоа следуваше презентација на почетоците на криминализацијата на канабисот кој од секојдневен продукт во домовите на многу народи, се најде во категоријата на строго забранети дроги. Најпрво во САД а потоа скоро и во целиот свет, со одредени исклучоци. Ситуацијата во последниве дваесеттина години се менува и повторно се актуелизира прашањето за декриминализација или легализација на канабисот најпрво во медицински цели а потоа и за рекреативна употреба. Предавањето беше затворено по дискусијата за ситуацијата во Македонија и до каде сме ние во ваквиот процес.

На наредното предавање на школата ќе зборува Александар Кокотовиќ кој ни доаѓа од Белград, Србија. Кокотовиќ работи како Директор за глобални кампањи во Students For Liberty.