Економија во време на пандемија

Пред неколку денови Симон Саревски присуствуваше на подкастот на нашите пријатели од Слободар каде што се разговараше на повеќе теми, пред се поврзани со глобалната економија и економските текови предизвикани од COVID-19 пандемијата. COVID-19 кризата за многу кратко време од здравствена прерасна во економска криза што води до прашањето дали воопшто и кога би можеле да очекуваме да се врати економијата на старите патеки на економски раст. За да се справат со кризата. насекаде во светот државите се одлучија да „принтаат“ пари и да се задолжуваат што секако го отвора прашањето за инфлација. Оттука се префрливме на трансформацијата на фирмите и нивното секојдневно функционирање, како и функционирањето на економијата во целина, односно промените кои не очекуваат во иднина. За крај, накратко се поразговара и за добрите работи кои произлегоа од кризата.

Подастот може да го најдете на YouTube каналот на Слобдар тука.