извор: unsplash

Се одржа Europe Liberty Forum 2022 во Варшава


На 12-ти и 13-ти Мај 2022 се одржа Europe Liberty Forum 2022 во Варшава, организирана од страна на Atlas Network на која учествуваа многубројни институти од Европа кои се дел од мрежата на Atlas Network. На конференцијата учесниците имаа можност да се запознаат, овозможувајќи понатамошна идна соработка, учење од успесите како и проблемите со кои се соочуваат слободарските институтите во Европа.

Иницијално, конференцијата беше планирана да се одржи во Киев, меѓутоа прво беше COVID причината за нејзиното одложување, за во 2022 кога веќе пандемијата е делумно (да не се урочам) зад нас, војната во Украина оневозможно конференцијата да се одржи токму во Киев. Оттаму и голем дел од говорите беа посветени на војната во Украина, што значи тоа за слободата, како локално, така и на светско ниво. Секако, се разговараше за тоа што може секој од нас да направи, како на индивидуално ниво и така на ниво на институција која ја претставуваме. Бидејќио иако многу работи не разликуваа едни од друго, со голема доза на сигурност би рекол дека сите бевме обидинети во едно – да се стави крај на војната.

Меѓутоа, иако фокусот беше на војната во Украина се не се вртеше околу една тема. Па така, се зборуваше за овластувањата кои ги добија државите за време на пандемијата, за работата и иновациите, за геополитика и енергетската независност на Европа како и за проблемите на живеењето во големите градови предизвикани од страна на законите за градење во нив. Се зборуваше за даночна конкуренција (во ЕУ и во светот), за слободна трговија (во ЕУ и во светот) и уште многу други теми кои ги засегаат не само слободарите туку сите во светот.

Градоначалникот на Варшава, Рафал Цасковски зборуваше за ситуацијата во која се науѓа неговиот град чија поппулација се зголеми за 17% од почетокот на војната и за тоа како Варшава (и секако Полска) ги отворија вратите на бегалците од Украина.  На панелот на предводен од страна на Том Палмер не се зборуваше замо за состојбата во Украина туку и како да се изгради една полиберална Украина откако ќе заврши војната. Ѕвездата на форумот беше Јохан Норберг кој го одржа главниот говор на кој беа испреплените многу теми кој и не може да се опише со неколку зборови.

На 2022 Europe Think Tank Shark Tank! Исрафил Оскан и Fundacje Liberté! победија со проект со кој се обидуваат да ги едуцираат граѓаните на Турција да конзумираат алкохол одговорн. Имено, зголемувањето на цените не е одговорот, бидејќи иако цената турското раки за само 17 години се има зголемило од € 98 центи на € 15.90, некој ефект и не е постигнат.

Важно за Либертаниа е што трите денови пред форумот нашиот Симон Саревски учествуваше на Leaders Lab што исто така беше во организација на Atlas Network. Leaders lab претсавува еден вид на школа на која учесници беа токму луѓе од слободарските институти од Европа (и Африка). На која што учесниците беа обучувани како да се справат со својот тим за како тој да функционира подобро и како да ја рашират својата идеја пред јавноста. Исто така имаше и двe натпреварувања. Иако Симон не успеа да победи на Elevator pitch каде што беше, тимон на Симон успеа да победи на Strategic Plan Competition.