Филозофијата и слободата во поп-културата


Третата сесија од школата Џон Галт беше посветена на филозофијата која може да се најде во поп-културата и пораките кои можат да се извлечат од истата. За таа цел Симон Саревски кој го одржа предавањете се посвети пред се на V for Vendetta, како и на Captain America: Civil War.

Тргнувајќи од V for Vendetta, Симон направи споредба на дистопиското општество во стрипот/филмот и сличните примери во реалноста, пред се од 20-от век, како се доаѓа до еден таков стадиум, осврнувајќи се на фон Хајек и „Пат кон ропство“ и се разбира зошто едно такво општество се коси со индивидуализмот и слободата. За крај, Симон се осврна на V и неговото „херојство“ односно дали V и е навистина херој, пред се според архетипот за херој според Ејн Ренд, за што ќе зборува повеќе во наредната сесија (15.11.2023) Наум Локоски.

Кога излезе во кината Captain America: Civil War, односно вториот филм од кој црпеше инспирација Симон, многу беше популарно на чија страна ќе застане публиката и зошто, односно TeamCap vs #TeamIronMan. Тука Симон ги објасни двете страни, споредувајќи ги една наспроти друга како и во контекст на објективизам.

Школата ќе продолжи со следната четврта сесија со предавањето на Наум Локоски на тема „Архетип на херојот:Ниче наспроти Ренд.“

Школата како неформална академска образовна програма има за цел запознавање на македонската стручна и општа јавност со филозофските идеи и книжевните дела на руско- американската писателка и филозоф Eјн Ренд. Истата предвидува 8 (осум) сесии во кои дваесетина селектирани учесници ќе се запознаат со нејзините филозофски концепти, социјални вредности, идеали и книжевни остварувања со цел актуализација на вредностите на индивидуализмот и
слободата во македонското општество и култура.