Free Market Road Show, Skopje 2021 – Пазарите и владите во пост-пандемската ера

Од 2008-та година Austrian Economics Center го организира Free Market Road Show, настан кој има за цел да ги доближи до пошироката јавност идеите на класичниот либереализам и слободата. Поради пандемијата оваа година Free Market Road Show – Skopje ќе се одржи онлајн на 10.05.2021 во 1p.m. и можете да го следите на Facebook и YouTube

Повеќе од една година, и секако опрадано, пандемијата го завзема главното место на безмалку секоја дискусија. Затоа, оваа година ние ќе разговараме токму на тема поврзана со пазараите и влдите и нивното функционирање во пост-пандемската ера. Воведниот говор ќе го одржи Пер Бајлунд, професор по претприемништво на државниот универзитетот во Оклахома. На дискусијата која ќе следи по неговиот говор ќе ни се придружат Билјана Ташевска Калкашлиева, професор на катердрата за економија на Економскиот факултет – Скопје при УКИМ, Елена Макревска Дисоска, вонреден професор на катедрата за надворешна економија на Економскиот Факултет – Скопје при УКИМ и Катерина Шапкова Коцевска, вонреден професор на катедрата за економски науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ. Модератор на овој настан ќе биде нашиот Симон Саревски

Ве очекуваме! Приклучите се и поставите ги вашите прашања.