Нашиот Симон Саревски учествуваше на Free Market Road Show во Скопје, настан  организиран од страна Austrian Economics Center во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“. Настанот беше посветен на иновации и нивното значење во модерното време. Говорниците го нагласија претприемништвото како мотор на напредокот, сите на свој начин, како од теоретски, така и од практичен и морален аспект. Скопје инаку е само еден од повеќе од 30-те градови кои го посетуваат многубројните експерти на Free Market Road Show.

Александра Јанеска Илиев од економскиот факултет во Скопје зборуваше за претприемништвото на локалниот оазар и промблемите со кои се соочува бизнисот во македонија. Претприемничката енергија постои не само што постои во Македонија, туку од година во година таа расте и се повеќе и повеќе луѓе пробуваат да успеат во приватниот сектор. Како младите се повеќе да ја забораваат централизираната Југославија и се повеќе да вложуваат во креирање на нови решенија за постечките проблеми, се со цел подобрување на состојбата на општеството во коеживееме. Но, најголемиот проблем со кој се соочува Македонија е недостатокот на образование и напуштањето на државата токму од страна на оние млади лица кои можеби и се оние најпотребните за понатамошен развој на Македонија. Па така, потребно е добро образование, но исто така потребно е да им се даде на дознаење на младите дека во ред е и да не се успее во бизнисот. Ретко кога првиот обид е оној кој го претставува производот што ќе ве направи богати. Но сепак, мора да пробате, бидејќи без обиди никогаш нема да се стигне до успех. За крај, Александра ќе рече дека на Македонија не и е потребен прицот на бел коњ кој често е претставен како инвестиција од страна на интернационална компанија да не спаси. Напротив, можеме и самите, но прво треба да пробаме.

Христина Рунчева Тасев која е професорка на правниот факултет за жал не можеше да се придружи во живо, но бидејќи живееме во модерно време каде што технологијата ни е на дофат, таа сепак се придружи преку зум. Христина зборуваше за улогата на претприемачот во општеството користејќи се со примери на успешни претприемачи, патот кој го поминале низ годините додека да стигнат до нивните успешни компании.

Лери Рид кој е претседател на Foundation for Economic Education нагласи дека иако живееме во турбулентни времиња, почнувајќи од пандемијата па се до војната во Украине, ризикот секогаш не следи. Сепак, тоа не значи дека не постојат можности за инвестирање, дури и Источна Европа, како и Македонија, иако е точно дека во однос на пред неколку месеци, инвестирањето е поризично денес. Можностите можат да се најдат насекаде околу нас и токму тоа е првиот чекор кој претприемачот треба да го повлече. Само потоа следи инвестирањето и превземањето на ризик, за што секако е потребно, да не се лажеме, храброст. Па така, од една страна тоа не значи дека ние треба да посакуваме да живееме во турбуленти времиња, но тоа не значи дека можности нема. Напрротив, тие се тука, само треба да се искористат.

Никос Сотиракопулос од Ayn Rand Institute се врати повторно на претприемачот, можеби гледајќи на него низ призмата на херој, нагласувајќи дека ние се помалку ги почитуваме претприемачите, стануваќји се пољубоморни на нивниот успех, незабележувајќи дека ние доброволно ги купуваме производите кои тие ги нудат, кои меѓудругото ги прават нашите живото многу побогати и поубави. Што е уште полошо, не само што престанавме да ги почитуваме претприемачите и она што тие го произведуваат, туку се повеќе се чувствуваме како да ни се должни. Затоа, како на лично, така и на општествено ниво, треба да почнеме повторно да ги почитуваме оние луѓе кои ризикуваат и вложуваат, и да стануваат многу богати во процеост, бидејќи токму ние сме тие кои повеќе добиваме од трансакцијата. Затоа треба повторно да ја браниме слободата која им дозволува на претприемачите да го прават она што го прават, како од стиркно конзумеристички-материјален аспект, така и од морален, бидејќи токму слободата е она што го овозможува сето тоа.

Крис Лингл кој е професор на универзитетот Франциско Марокин во Гватемала зборуваше за концептот на човечки слободи поврзувајќи го нивните зголемување со напредокот, како на индивидуално, така и на општествено ниво. Поради војната во Украина голем дел од ресурсите нема да бидат инвестирани во во Русија и Украина. Но тие ресурси не се уништени и треба да бидат и ќе бидат искористени и инвестирани во други држави. Тоа значи дека многу држави ќе имаат шанса да дојдат до тие нови инвестиции, меѓутоа треба да се запомни дека дел од тие ресурси доаѓаат од авторитарни земји како што се Кина и Русија, на пример. А инвестициите од земјите како оние гореспоменатите се често поврзани директно или индиректно со државата. Исто така, бидејќи правилата и стандардите се различни од одние кои се корсистат во либералните демократии кои сериозно ја сфаќаат личната сопственост.