извор: partiallyexaminedlife.com

Фридрих Хајек: Храброст да се биде утопист

Фридрих Хајек е еден од најпознатите економисти во 20-тиот век, од основоположниците на австриската економска школа и од најголемите застапници на идеологијата на класичен (или стар) либерализам, заедно сo нејзините основни премиси, слободни пазари, минимална држава и секако слободни поединци. Во 1974 година е добитник на Нобеловата на награда за економски науки (која ја дели со Гунар Мирдал).

Роден е на 8-ми мај 1899 година, во Виена, а умира 1992 година во Германија. За време на својот живот остава огромно интелектуално творештво, поставува основа за интелектуално заживување на либерализмот во 20-тиот век и секако дава суштествени увиди во економските науки, заедно со нивната поврзаност и меѓузависност со политичките институтции и човековите делувања..

Но освен што Хајек е економист и најголемиот интелектуален придонес е во сферата на економските науки, истиот дава значајни дела од философкса, социолошка и политичко-правна природа. Се противи на доминантната споредба на економсистите со општествени инжинери, доста популарна во негово време и тогашните интелектуалните елити. Ја фаворизира споредбата со англиски градинари, кои признаваат дека немаат волја ниту капацитет да ги контролираат и наметнуваат економските текови, ами да ги следат истите и залагаат за минимална политичка рамка, во која ќе функционираат слободните пазари и ќе се развива спонтан поредок.

  Еден од неговите најпознатите, не-економски во некоја потесна смисла, есеи, е Интелектуалците и Социјализмот (Intellectuals and Socialism), објавен во 1949 година од страна на Универзитетот на Чикаго. Во есејот, Хајек ги согледува причините за успешноста на идеата на социјализмот во 19-тиоѕ и 20-тиот век, како во Европа, така и во САД, и улогата на оние најгласните кои го подготвуваат теренот за актуелизација на идеите во јавни политики – интелектуалците. 

Во есејот се наведува дека во секоја земја со силни социјалистичките тенденции во јавните политики, претходи фаза во која идеите го освојуваат интелектуалниот простор, а интелектуалците ги застапуваат пред јавноста и власта. Борбата на идеите, со која се формира доминантната идеолошката клима (climate of opinion) во едно општество, во која интелектуалците ја играат најголемата улога, секогаш претходи на политичкото одлучување. Хајек ја поставува тезата за општествена или политичка или институционална промена, поттикната од промена на начинот на размислување на поголемиот дел од населението, кои несомнено влијае врз делувањето на политичките елите, како и тоа дека истите елити се движат во рамки определени од јавноста, или барем најактивниот и нагласниот дел од јавноста.  

Интелектуалците ги поистоветува со застапници на идеи од втора рака (second-hand dealers of ideas), што значи дека истите не се оние кои ги создаваат идеите, или оригинерно стигнале до нив – тие не го поседуваат знаењето од прва рака; туку оние кои ги преземаат како такви, потенцијално ги развиваат, и дополнително ги застапуваат и прошируваат во општествените кругови. Тоа се оние кои се најгласни, но не нужно и најпаметни во смисла на експертиза за тематиката или прашањето кое го застапуваат. Во оваа структура или класа на интелектуалци, Хајек ги вметнува скоро сите општествени чинители чиј глас продира и е валидизиран во општеството, како што се учители, новинари, уметници, експерти во област како природни науки, култура, медицина, општествени науки, лингвистика и сл. Истите поседуваат силно изразени ставови за одредени општествени прашања, и врз основа на легитимитетот кој го црпат од експертизата во својата област, се продорни со ставовите во однос на конкретните прашања. Тие се оние кои се во првите редови во борбата со идеи, која дефинитивно влијае врз крајниот исход на јавните политики.

Во претходниот век, оние најактивните, барем во интелектуалната фела, се лево-ориентирани и застапуваат идеа која подразбира силен политички центар кој има и треба да има улога во контролата на економските текови (а со тоа секако и во пошироките општествени), од каде произлегува и доминантната тенденција во јавните политики, во форма на интервенционизам, протекционизам, бирократизација, големи јавни трошења и сл.

Многу битен момент од есејот е тоа што, своевремено, либералите или слободарите и нивниот прагматичен пристап се во центарот на критиките на Хајек, поистоветени со недостаток на визија, храброст и доза на утопиство. Заглавани се, како вели Хајек во дневно-политички практичности застапувајќи некаква ,,разумна слобода на тргововија” или поголемо ,,олабавување на контролата”, а за момент ги заборавиа идеалите на слободно општество и тоа бескомпромисна ,,слобода на можности” и потполно слободна трговија и отворена економија и апсолутна елиминиција на контроли. 

Во оваа насока и Мареј Ротбард во неговата Случајот на радикален идеализам (The case for radical idealism) го поздравува говорот на Леонард Рид,  во кој наведува дека во замислена ситуација, би избрал притискање на копче со кое ќе ги елминира сите контроли на цени и плати, наспроти градуализмот, односно постепениот пристап на либералите. Или како Робард го цитира Гарисон, градуализмот во теорија е вечност во пракса.

Оттука произлегува заклучокот дека либералите се грижат за она што е возможно, разумно и прифатливо од властите, или можеби поголемиот дел од населението, наместо да им ги остават тие подробности на политичарите. Основното што секој слободар треба да го прави е да се држи до својата визија, се додека политички невозможното, стане политички неопходно.

Хајек исто така наведува дека ,,во општество во кое главните претпоставки за слобода се добиени, а дополнителни напредувања се прашање на детали, програмата на либерализмот не може да ја има славата што ја носи нова идеа.” Од друга страна, општествата кои со напори ја извојувале слободата, кои добро знаат како се живее без неа, како Германија по втората светска војна, или источна Европа по студената војна; за нив истата е свет принцип, со централно место во вредносниот спектар.

Секако, би било погрешно да се вреднува слободата само во услови кога е загубена, туку визијата, страста и интелектот за истата мора да се гаат, унапредуваат и во доминантно мирни и слободни услови. 

На крајот во есејот Хајек заклучува:

,,Главната лекција кој вистинскиот либерал (слободар) мора да ја научи од успесите на социјалистите е тоа дека нивната храброст беше утописка, им донесе подршка од интелектуалците и влијание врз јавното мнение, дневно правејќи го возможно она што до скоро се чинеше толку далечно… Се додека ја чуваме вербата во моќта на идеите, која е главна карактеристика на либерализмот во своето најдобро време, битката не е загубена.”

Корисни линкови за Хајек и тематиката: