Секоја размена се состои од таканаречено „двојно благодарам“, односно, откако размената ќе се изврши, двете инволвирани страни завршуваат позадоволни наместо тогаш кога трансакцијата воопшто не би се случила. Ова станава сè појасно кога ја читате „За принципите на политичката економија и оданочувањето“ на Дејвид Рикардо каде што за прв пат сме запознаени со идејата за компаративна предност. Едноставно кажано, иако еден од трговските партнери поефтино ги произведува тргуваните добра и услуги (апсолутна предност), двете страни треба да го произведуваат она што знаат да го прават најдобро за подоцна да тргуваат меѓусебно. На тој начин, двете страни добиваат повеќе отколку самостојно би ги произведувале сите потребни добриа и воопшто не би тргувале меѓусебно. Нешто навидум толку просто, концепт со кој секој студент по економија е запознаен, е концепт кој претставува трн во очите на денешните политичари.
Премногу долго, обичните луѓе, интелектуалците како и оние кои одлучува гледаа на богатството како конечена величина. Кога војните за ресурси станаа премногу скапи за да се водат, а ние уште не сфаќавме дека врвниот ресурс е човечкиот ум, човештвото се врати назад неколку века на старите добри трговски војни од ерата на меркантилизмот.
Ефектот на слободната трговија и либерализацијата по Втората светска војна
По Втората светска војна Јапонија тргна по друг пат. Токму економската либерализација, проследена со слободна трговија беа клучни за тогаш уништената земја без железни руди да стане светски лидер за електрични уреди и електроника, производство на челик и шампион во автомобилската индустрија. Брзиот раст и овозможи на Јапонија во 1968 година да го престигне богатиот со природни ресурси и двојно поброен Советски Сојуз. На тој начин Јапонија стане втората најголема економија во светот, титула која ќе ја краси Јапонската економија повеќе од четири децении.
Хонг Конг, Сингапур, Тајван и Јужна Кореа (Азиските тигри) го следеа јапонскиот пример и покажаа во пракса колку навистина е важна трговијата, докажувајќи дека јапонското чудо не беше среќа. Многу брзо после тоа, Мао Це Тунг почина и Кина го стави фокусот на специјалните економски зони и започна да ја либерализира и отвора својата економија кон светот. Кратко потоа светот не знаеше за Берлинскиот ѕид што им овозможи на милиони зад железната завеса за прв пат се запознаат со глобализацијата.
Но, ниту левицата, ниту десницата не ја прифаќаат глобализацијата со отворени раце. Уште во 1999-та година Берни Сандерс гледаше на глобализацијата како движечката сила за зголемувањето на светската нееднаквост, велејќи „Глобализацијата придонесе за огромно зголемување на концентрацијата на богатството во светот и дополнителното осиромашување на најсиромашните во светот“. Една од клучните точки кои ги потенцираше Трамп на патот до Белата куќа беше токму глобализацијата. За време на кампањата честопати можевте да го слушнете како вели „глобализацијата зема многу работни места од нашите заедници и многу богатство од нашта земја“ што ја прави „финансиската елита која донира на политичарите многу, многу богата“. Тоа резултираше со „милиони работници да останат со ништо друго освен сиромаштија и душевна болка“. Сепак, можеби најголемиот пораз кој го доживеа глобализацијата од страна на Трамп се случи кога му се обрати на целиот свет од говорницата на ОН велејќи „иднината не им припаѓа на глобалистите“ бидејќи „ние ја отфрламе идеологијата на глобализмот“ во корист на „идеологијата на патриотизам“.
Но, што друго претставува глобализацијата ако не доказ дека, како што би рекол Адам Смит „склоноста кон трговија“ е она што ја овозможува поделбата на труд и глобалмиот просперитет. И покрај пречките кои и стоеја на патот за време на студената војна, светската трговија процвета по Втората светска војна. А во пакет со трговијата дојдоа и странските директни инвестиции, know-how, иновациите и други фактори кои допринесуваат за економскиот раст.
И покрај тоа што врската помеѓу трговијата и растот не може да се оспори, тоа не е целата слика. Како што покажува индексот за економски слободи на Херитиџ Фондејшн, институции како сопственички права, конкурентн и отворени пазари и владеење на правото се подеднакво важни. Но, дури и кога институциите им овозможуваат на факторите на производство да функционираат, поради опаѓачките маргинални приходи, бесконечен економски раст не е возможен. Капиталот, како и човечкиот капитал се подложни на депрецијација, која ги приморува на обновување. Во исто време, продуктивноста на една парцела земја е ограничена од нејзината големина. Всушност технологијата е таа на која и ја должиме можноста за бесконечните стапки на раст. Како што пазарите стануваат се поглобализирани, технологијата е лесно пренослива и не знае за граници. На тој начин седумнаесет членки и се приклучија на ОЕСР (OECD), клуб на најразвиени демократски пазарни економии, додека посиромашните земји од клубот растеа побрзо и конвергираа во близина на врвот.
COVID-19, Брегзит и слободната трговија после 2020-та година
Ако на почетокот на 2020-та година можевме да избереме период од историјата во кој би сакале да живееме, сфаќајќи дека живееме во најпросперитетниот период, да се остане во 2020-та година ќе беше единствениот правилен избор. Но, набрзо дојде и COVID-19 пандемијата и ни покажа колку тој просперитет зависи од меѓусебната поврзаност. Набрзо, рестрикциите за движење и различните форми на затворање на економиите кои следеа ги уништија меѓународната синџири на снабдување, нагласувајќи ја важноста на меѓународна поврзаност. Ако на тоа се додаде зрелата економска неефикасност поради зголемениот економски национализам, прашање е дали ќе можеме да ги избегнеме негативните економски ефекти кои со себе ги донесе COVID-19 пандемијата.
Трамп се закануваше со трговска војна и нешто што е реткост за политичар, во голем дел си остана на зборот. На другата страна од Атлантикот, кога Брегзит конечно стана реалност, станавме сведоци на целосна спротивност. Борис Џонсон го парафразираше Ричард Кобден, велејќи „… слободната трговија е божествена дипломатија – единствениот сигурен начин да обедините луѓе во мир бидејќи колку послободно добрата преминуваат граница, толку помала е веројатноста армии да ги преминат истите“.
Сепак, Брегзит не е целосно сигурен план. Уште од првите денови кога беше само идеја, Брегзит се соочуваше со проблеми. Неговата комплексност остави некои клучни прашања без добри решенија, пред се кога се работи за „Ирската граница“. Ова особено дојде до израз кога Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом на САД се закани дека воопшто не постои шанса за Англо-aмерикански трговски договори да пројдат во конгрес ако Обединетото Кралство го прекрши „Договорот на Велики петок“.
Без оглед дали ќе се склучи трговски договор помеѓу Британија и ЕУ, Британија и САД, светот ќе знае за нови победници и губитници. Да се надеваме дека ќе Британците ќе ја добијат ветената „Глобална Британија“, а таа ќе го повлече со себе остатокот од светот на вистинскиот пат. Слободната трговија на добра и услги, труд и капитал не смеат да бидат попречени.Јасно е дека глобализацијата е тешко да се контролира. Таа потреба од контрола со себе носи повеќе проблеми отколку што може да се пофали дека решава. Наместо да принтаме пари како луди со желба да се покрие невиденото трошење на она што го немаме (САД, ВБ), ние треба да му дозволиме на пазарот да функционира. Ако не за ништо друго, тогаш едноставно бидејќи не знаеме за подобар начин да стигнме до просперитет.
Симон Саревски,
Либертаниа – ЦСП