Индекс на економска слобода на Херитиџ фондацијата (Heritage Foundation) 2020 година

Индекс на економска слобода на Херитиџ фондацијата (Heritage Foundation) 2020 година

Индекс на економска слобода претставува индекс кој се подготвува и издава секоја година од страна на Херитиџ фондацијата (Heritage Foundation).

Македонија на рамките на овој индекс се наоѓа на 41 место, со 69.5 поени и e дел од групата на просечно слободни економии. Во споредба со претходната година, пониско рангирана е за 8 места, а падот е лоциран во делот на судска ефикасност, права на сопственост и владин интегритет. Во однос на 45 земји во Европа, рангирана е на 22 место.


Извор: www.heritage.org

Економската слобода е фундаментално право на секој човек да го контролира својот труд и сопственост. Во економски слободно општество, поединците се слободни да работаат, произведуваат, конзумираат и инвестираат на начин на кој сакаат. Во економски слободните општества, властите дозволуваат слободно движење на трудот, капиталот и добрата, слободни од принуда или ограничување на слободата, во обем неопходен да се заштити истата.

Економската слобода носи поголем просперитет. Индексот на економска слобода ја документира позитивната врска помеѓу економската слобода и различни позитивни општествени и економски цели. Идеалот на економска слобода се цврсто поврзани со поздрави општества, почисти средини, поголемо богатство, човечки развој, демократија и намалување на сиромаштијата.

Мерењето на економската слобода се основа на 12 квантитативни и квалитативни фактори, групирани во 4 пошироки категории или темели:

1. Владеење на право
– Права на сопственост,
– Владин интегритет,
– Судска ефикасност

2. Големина на владата
– Јавни расход,
– Даночен товар,
– Фискално здравје,

3. Регулаторна ефикасност
– Бизнис слобода,
– Слобода на работа,
– Монетарна слобода,

4. Отворени пазари
– Слобода на тргувањем
– Слобода на инвестирање,
– Финансиска слобода.

Земјите рангирани во индексот, 171 на број се поделени, во 5 групи, и тоа 

– Слободни,

– Претежно слободни,

– Просечно слободни,

– Претежно неслободни,

– Репресивни

Во првите три најслободни економии спаѓаат Сингапур, на прво место со 89.4 поени, Хонг Конг со 89,1 и Нов Зеланд со 84,1 поен. Во Европа, највисоко рангирана е Швајцарија, со 82 поени. Во репресивни помеѓу другите спаѓаат Иран, Туркменистан, Алжир итн. 

Извор: www.heritage.org

Индексот на економска слобода е достапен на овој линк, а повеќе информации за Македонија и нејзиното рангирање може да се најде на овој

Никола Љ. Илиевски
Либертаниа