Интервју со Адам Барта: Брегзит, ЕУ и предизвиците со COVID-19
Извор: www.mises.org

Интервју со Адам Барта: Брегзит, ЕУ и предизвиците со COVID-19

Прв дел

Вториот дел од интервјуто ќе биде објавен на 1 мај 2020.

Адам Барта е директор на ЕПИЦЕНТАР, невладина мрежа на 9 Европски тинк-тенкови со цел да ги провомира принципите на слободно општество во европската политичка дебата. Неговото образовно искуство вклучува дипломи од Шефилд Универзитетот и Лондонска Економска Школа.

Симон Саревски поразговара со него за Брегзит и ЕУ, ЕУ и Македонија, како и справување на унијата со COVID-19 кризата и можните последици, кои ќе бидат објавени во два дела.

Симон Саревски: Последните, безмалку четири години, во ЕУ сѐ се вртеше околу Брегзит. Дали Брегзит претставува чекор во вистинската насока, како за Европската Унија, така и за Oбединетото Кралство?

Адам Барта: Целосно сте во право дека Брегзит беше темата на дискусија долго време, како во Вестминстер така и во Брисел, и ги натера сите да обрнат повеќе внимание на проблемот отколку што првично се надевавме. Референдумот беше целосно легитимен, како што и секоја членка на ЕУ има можност да одлучи дали сака да остане дел од унијта или не. Меѓутоа, исто така, членството ги прави членките посилни и економски попросперитетни отколку кога тие не би биле дел од унијата. Како и да е. во моментот сум оптимист за иднината на ОК надвор од ЕУ. Јас не би гласал за Брегзит, но бидејќи сега тоа го претставува изборот на мнозинството, неопходно е политичарите да се движат во таа насока и да го најдат најдобриот начин за соработка со европските соседи.

Временската рамка е многу амбициозна. Да се има целосно финализирани договори за слободна трговија со 27 нации за 12 месеци нема да биде лесна задача. Сепак повторно ќе кажам дека сум оптимист дека договори во многу аспекти помеѓу двете страни ќе бидат склучени.

Со тековната Covid-19 криза голема е веројатноста за одложување, но прилично сум сигурен дека овие разговори ќе се движат напред во наредните неколку месеци,  евентуално години. Со надеж дека ќе има согласност помеѓу двете страни и овозможувајќи иднината на односите помеѓу ЕУ и ОК сеуѓте да биде доста длабока и светла Но, многу време и длабоки дискусии претстојат пред нас.

Симон Саревски: Од друга страна, во многу наврати, Маргарет Тачер беше исклучително гласна во врска со прашања поврзани со ЕУ. Од неизбрани бирократи и преоптоваруварчка бирократија, до предлози  за Обедиените Европски држави под обединета армија, стигнавме многу далеку од Европската Економска Заедница од 1957 година. Дали времињата се променија толку многу каде што ,,современи проблеми бараат современи решенија?”

Адам Барта: Обединетото Кралство беше дел од ЕУ поради економски причини, додека за повеќето останати членки и повеќето политичари од континентална Европа, ЕУ е многу повеќе од тоа, претставувајќи политички и мировен проект. Отсекогаш постоеше дивергенција помеѓу тоа како ОК гледаше на својата улога во ЕУ или поранешно ЕЕЗ и како останатите земји гледаат на нивната цел. Силниот притисок од многу земји за понатамошна соработка и централизација по одредени прашања беше неизбежен, проследен со многу длабоки дискусии за оформување европска воена одбранбена единица. Ако политичарите сакаат да ја задржат еврозоната заедно, дополнителни зајакнување помеѓу членките ќе бидат неизбежни. Тоа е природен тек, каде што земјите членки се обидуваат да најдат заеднички решенија без оглед дали се соочуваат со заеднички проблеми.

Но, секако дека на тоа има отпор кон понатамошната централизација во ОК, па така гласаа за Брегзит. Отпор кон даночната хармонизација постои во многу членки од источна Европа, особено Полска и Унгарија. Не е неопходно сите дваесет и седум членки  на ЕУ да се движат напред заеднички. Целосно е легитимно да се има различни нивоа во ЕУ, каде што некои држави ќе се одлучат за соработка за воени цели додека другите ќе се фокусираат само на четирите слободи на ЕУ – слободата на движење на добра, услуги, капитал и луѓе. Kако што поминува времето, последното ќе биде сѐ попроблематично. Тоа е секако легитимно прашање кое ќе ги дефинира следните десет години на развојот на ЕУ, односно како државите ќе учестуваат во одредени програми и која ќе биде преференцијата на останатите членки.

Симон Саревски: Последен пат кога ја видиме политичката елита расположена за слободни пазари и во исто време не  само на реторка, беше Тачер-Реган ерата од 1980-те години. Првите петнаесетина минути од говорот на Борис Џонсон одржан кога Брегзит конечно стана реалност се содржеа од величење на слободните пазари, цитирајќи класични либерали како Кобден и Бастиат. Дали сето тоа беше политичка реторика во ова време на глобален популизам, или може да очекува светлината на крајот од тунелот?

Адам Барта: Чекор назад кон 1980-те години?! Tоа вусшност и не е потребно и делумно не би се согласил со твоето  тврдење бидејќи ако погледнете кон 1990-те и 2000-те во Централна и Источна Европа, транзицијата на поранешните комунистички земји во пазарни економии креираше огромен просперитет во однос на она што претходеше, претставувјќи многу позначаен историски чекор во многу погледи отколку реформите на Тачер и Реган реформите во ОК и САД. Не, не  треба да се враќаме во 1980-те во било кој поглед.

Кога се работи за Борис Џонсон и плановите на британскиот кабинет за економска либерализација, многу сум оптимист во некои погледи, додека песимист во други. Постои генерално убедување внатре во британскиот кабинет кога се работи генерално за слободна трговија. Тие  сакаат да направат повеќе во врска со тоа прашање, сакаат да имаат повеќе слободни трговски договори со било кои глобални економии, со што ќе има притисоци во владата за да се направи тоа. Сега е многу лошо време за слободна трговија бидејќи многу земји се движат во други насоки, што нема да ја направи обврската на британската влада лесно остварлива. Но, секако и посакувам многу среќа бидејќи како што сите знаеме слободната трговија е огромен придонес за економската благосостојба и просперитет.

За многу други прашања пак сум песимист, и би сакал да ја потенцирам имиграцијата, каде што имаме огромен чекор назад во споредба со слободата на движење која ја имаме во ЕУ. Прагот за влез на граѓани од ЕУ во ОК ќе биде многу висок по транзициониот периодот на Брегзит. Потребната заработката за влез во државата од минимум дваесет и пет ијлади фунти ќе биде премногу висока. Јас и не разбирам зошто слбодното движење не можеше да остане I posle Брегзит. Јасна ми е политичката тешкотија, но чисто од економска перспектива, државата се пука сама во стапалото со оваа политика.

Симон Саревски: Без оглед на монетарниопт и фискалниот стимул кој следеше по кризата од 2008-та година и должничката криза која следеше, целосно закрепнување не следеше. Како и да е, дури и да не се соочевме со кризата предизвикана од COVID-19, нова криза беше во исчекување, како во ЕУ, така и во светот. Дали во блиска иднина може да очекуваме нови излези од ЕУ, посебно во време на криза , и кои земји би ја отвориле вратата први?

Адам Барта: Предвидувањето на иднината е секогаш многу тешка задача. Смешно да се погледнат предвидувањата на експертите кои пет години подоцна излегува да биле комплетното спротивни. Не би се осмелил да предвидам кои би биле наредните европски земји кои би можеле да ја напуштат ЕУ, но секако сте во право дека независно од природата на кризата, таа ги убрзува економскиот и политичкиот развој низ целата планета.

Секако дека се соочуваме со загрижувачки тенденции внатре во ЕУ кога се работи за судир на различни интереси помеѓу различни држави. Секако дека постои судир помеѓу членките на унијата од источна Европа, посебно сиромашните земји од Вишеград и оние од Западна Европа кога станува збор за даночна хармонизација, толкувањето на владеењето на правото и миграцијата. Овие разлики беа присутни во последните неколку години, но исто така очигледни се огромните разлики помеѓу членките од Северна и Западна Европа кога се работи за реформите во еврозоната, буџетските дефиците и невработеноста.

Соочени сме со сите овие политички предизвици, кои беа избегнувани за време на добрите времиња од страна на институциите на ЕУ. Додека би рекол дека последните пет години беа добрите години за ЕУ, наредните пет ќе бидат оние прилично тешките, што ќе го направи решавањето на овие политички и економски проблеми уште поскапо.

Во врска со предвидувањата за патот на ЕУ, би рекол дека во моментов никој не знае. Затворањето на пазарите поради COVID-19 доведе до тоа економијата да тоне. Сите се надеваме на криза во форма на буквата V (нагло опаѓање на БДП во неколку тримесечја проследено со брзо и нагло опоравување) и враќање во нормала за половина година, но се сомневам дека тоа ќе биде случајот. Ова ќе доведе до голем политички притисок за економски национализам, дополнително дистанцирање од други политички сили и држави, чија цена сите ќе ја платиме. Најголемата цена ќе ја платат малите и европски земји кои се доста нефлексибилни на промена. Всушност, членките од Источна Европа се поприлично флексибилни во моментов, додека оние земји членки со стапка на невработеност од 15-20% во добри времиња ќе страдаат многу повеќе кога ќе дојдат лошите времиња.

Не би сакал да правам предвидувања за тоа која ќе биде наредната земја која ќе ја напушти ЕУ. Дека ќе продолжат да се судруваат земјите од ЕУ на горенаведените прашања е неминовно, но напуштање на ЕУ не е.

За крај, друга екстремно клучна област е владеењето на правото и како вонредните мерки воведени за време на COVID-19 кризата ќе се имплементираат или поточно, колку долго ќе се спроведуваат. Повеќе од сигурно е дека ќе има судир помеѓу членките на ЕУ за должината на овие вонредни мерки.

Јас не сметам дека Еу не е местото за недемократски и  нелиберални земји, односно за оние држави кои нема да се вратат на демократските темели

Симон Саревски: Дали сакате да кажете дека можеби нема да има држави кои ќе ја напуштат ЕУ, туку во суштина ќе бидат избркани?

Адам Барта: Антидемoкратски, антилиберални земји, или како што самите себе се нарекуваат „либералите,” добиваат огромнo финансирање во вредност од 2-3% од нивниот годишниен БДП, од страна на даночните обврзници преку кохезиони фондови. Ако дел од овие пари се врзат со почитување на владеењето на правото, тоа секако може да биде силен поттик за истите да ги модифицираат повеќето нивни уставни структури на подобро. Ако не сакаат да ги прифатат овие мерки, можам да замислам тие самите да се откажат, иако тоа може да биде сфатено како вратите да им се затворени одвантре. Не постојат било какви легалгни манизми за да се исфрли членка од ЕУ, но секако дека постојат такви кои можат да суспендираат одредени права на членките кои не ги почитуваат заедничките правила на ЕУ.

Simon Sarevski

Симон Саревски,
дел од тимот на Либертаниа – ЦСП