Извор: презентација од предавањето

Џон Галт Школа 2022, втора сесија


Професорот Горан Илиќ, на ден 28-ми април 2022, во рамки на втората сесија на Школата за објективизам Џон Галт, одржа предавање со наслов Етиката и политиката низ призма на објективизмот

Во своето предавање професорот зборуваше повеќе околу моралните вредности врз кои е поставена философијата на објективизмот, како што се човеков живот, личен интерес, рационален егоизам, но се осврна и на концептот за човекот како херојско битие, силно протажиран од страна на Ејн Ранд. Исто така, професорот ги нагласи и општествените импликации од дословна примена на објективизмот, како што се слободна економија, слободен пазар и радикален капитализам. Во рамките на истите, беше напомената улогата на државата во слободно општество, која е стриктно ограничена на заштита на човековиот живот, слобода и сопственост, операционализирано во војска, полиција и судови. По предавањето следеше и долга дискусија, во која студентите ги искажаа своите ставови, коментари, но и прашања кон професорот, но и останатите студенти.

Повеќе околу животот и творештвото на Ејн Ранд ќе зборува еден од основачите на Либертаниа и Студенти за слобода – Никола Г. Петровски, кој ќе одржи предавање на третата сесија, закажана за 5-ти мај 2022, во 19 часот.