Осмата сесија и последна сесија на Школата за објективизам Џон Галт, се одржа на 9 јуни во просториите на Факултет за Бизнис и Економија – Скопје. На истата, студентите имаа шанса да го гледаат филмот The Fountainhead, базиран на истоимениот роман на Ејн Ренд. По завршувањето на филмот следеше долга дискусија поврзана со индивидуализмот и интегритетот на Роарк, како и општествениот контекст на капитализмот, кои ги стимулира истите доблести.
Со оваа сесија, се завршува оваа едно-семестрална школа, а студентите по завршувањето на есеите кои ги пишуваат на теми поврзани со школата, ќе ја добијат и сертификатот за успешно завршена школа.
Тимот на Либертаниа искажува големо задоволство поради реализираната школа, и голема благодарност на студентите, предавачите, донорите, како и сите оние кои што го дадода својот придонес за одржување на школата.
Нашата мисија за образование и промоција на сите перспективи на слободата ја продолжуваме, дополнително мотивирани од позитивниот фидбек од учесниците на активностите.