Презентација од предавањето

Џон Галт Школа 2022, трета сесија


Претседателот на Либертаниа и основачот на Студенти за слобода Никола Г. Петровски, на ден 5-ти мај 2022, во рамки на третата сесија на Школата за објективизам Џон Галт, одржа предавање со наслов Животот на Ејн Ранд

Во своето предавање Петровски зборуваше повеќе околу животот на Ејн Ранд, нејзиниот живот во Русија, тинејџерските години, патувањето и преселувањето во Америка, како и нејзината авторска слава и кругот во кој се ширеше нејзиното учење. По предавањето следеше и долга дискусија, во која студентите ги искажаа своите ставови, коментари, но и прашања кон професорот, но и останатите студенти.

На следната сесија, закажана за 12-ти мај 2022, во 19 часот, студентите ќе имаат прилика да читаат делови од литературата на Ејн Ранд, како и да подискутираат во однос на истите.