Симон Саревски, од Либертаниа, на ден 19-ти мај 2022, во рамки на петтата сесија на Школата за објективизам Џон Галт, одржа предавање со наслов Економската логика на пазарната економија.
Во своето предавање Симон зборуваше повеќе околу оправдувањата позади економската логика на пазарната економија, улогата на знаењето и цените во општеството, како и неможноста, односно не-ефикасноста на централно планираната економија. На следната сесија, која ќе се одржи на 26 мај во 19 часот, ќе зборува Никола Љ. Илиевскиеден од основачите на Либертаниа и Студенти за слобода, и тоа на тема Кон (по)слободно општество.