Блаже Аризанов, претприемач и познавач на историјата и моменталните монетарни текови, на ден 2-ри јуни 2022, во рамки на шестата сесија на Школата за објективизам Џон Галт, одржа предавање со наслов Парични наспротив Статусни игри.
Во своето предавање Блаже зборуваше повеќе околу историјата на монетарните текови, а дополнително и за таканаречените парични и статусни игри. Статусните игри се карактеристични за академците, новинарите, политичарите, додека пак паричните игри се својствени за претприемачите и работни луѓе. Блаже ја нагласи и опасноста од доминантнтие социјалистички наративи, а ги советува слободарите да ја поедностават комуникацијата со обичните луѓе, со цел промовирање на слободарството
На следната сесија, која ќе се одржи на 9-ти јуни во 19 часот, ќе се одржи последната сесија на школата, за која е предвидена работилница, гледање на филм и дискусија по истиот.