Како државата ги надминува ограничувањата
Дизајн на корица: Ѓорѓи Димитров

Како државата ги надминува ограничувањата

Мaреј Ротбард – Анатомија на државата

Глава 4: Како државата ги надминува ограничувањата

Како што Бертранд де Џувенил мудро истакнал, луѓето низ вековите создавале различни концепти, со цел да го ограничат владеењето на Државата; истата, користејќи ги нејзините интелектуални сојузници, постепено, успеала да ги трансформира истите во механизми за подршка на нејзиниот легитимитетот и како вештина за наметнување на истиот, врз своите активности. Изворно, во западна Европа, концептот на боженствен суверенитет, подразбираше дека кралевите можат да владеат единствено според Божјото право; а од друга страна, истите го користеа концептот за оправдување за нивните активности. Концептот на парламентарна демократија започна како народна контрола на апсолутното владеење на монархот; а парламентот заврши како суштествен дел од Државата. Де Џувенил заклучи:

,,Создавачите на теоријата на суверенитет ги развија… овие контролни механизми. Но, порано или покасно, сите ја изгубија својата првобитна намена, и се претворија во пат до моќта. Секој механизам, на почеток, обезбеди силна подршка на невидливиот владетел, а по извесно време доведе до тоа, власта успешно да се поистовети со нив. [20]

Слично се случи со доктрините на ,,Природните права” на поединецот, славени во Повелбата на правата [Bill of Rights] и текстовите на Џон Лок, кои се сведоа на етатистичкото ,,право на вработување.” Утилитаризмот ги претвори аргументите за слобода во аргументи за државен упад во слободата.”

Секако, најамбициозниот обид за наметнување на ограничување на државата била Повелбата за правата и другите ограничувачки одредби од американскиот устав, во кој се стипулирани ограничувања на владата станаа фундаментално право, толкувано од судството, кое под претпоставка е независно од другите гранки на власта. На сите американци им е познат процесот во кој ограничувањата на Уставот беа незапирливо проширувани во изминатиот век. Но само неколку биле жестоки како професорот Чарлс Блек да увидат дека државата, во овој процес го, трансформирала судството од ограничувачки механизам во инструмент за сервирање на идеолошки легитимитет, за активностите на власта. Како што судска одлука за ,,неуставност” е моќна стега на власта, така имплицитна или експлицитна одлука за ,,уставност” е моќно оружје за зацврстување на јавното прифаќање на се поголема моќ на власта

Професорот Блек ја започнува својата анализа со фокус на суштинската неопходност за ,,летигимитет” на секоја власт и тоа го со мнозинско прифаќање на власта и нејзините активности. [21] Прифаќањето на легитимитетот станува посебен проблем во земја како САД, каде што ,,се изградени суштествени ограничувања во теоријата врз која почива владата.” Тоа што е потребно, додава Блек, се начини преку кој власта може да ја увери јавноста дека зголемувањето на своите моќи е навистина уставно. И заклучува, ова било најголема историска функција на судската власт.

Блек вака го прикажува проблемот:

,,Наголемиот ризик (за државната власт) е губењето на подршката, отпор широко распространет меѓу населението и недостаток на морален авторитет на власта; колку долго истото да е пролонгирано со употреба на сила, инерција, или недостаток на достапна алтернатива. Скоро секој поданик на државата со ограничена власт, мора порано или подоцна да биде засегнат со некоја постапка на власта која ја смета за злоупотреба на моќта или недопуштив чин за истата. Човек е регрутиран, иако во уставот не е предвидено регрутирање… На земјоделецот му е одредено колку може да одгледува; тој верува, и открива дека некои правници веруваат како него, дека власта нема поголемо право да му одреди колку пченица може да одгледува, отколку да нареди за кој ќе се мажи ќерка му… Човек оди во затвор за изразување на она што го мисли, во ќелијата повторува… ,,Конгресот не смее да донеси закони кои ја ограничуваат слободата на говор”… Или на бизнисменот да му наложи најниска и највисока цена за неговиот производ.”

Опасноста е навистина доволна за секој од овие луѓе да го спореди концептот на ограночување на власт, со реалноста на пречекорување на вистинските ограничувања (ако може да ја види), и да дојде до очигледниот заклучок за статусот на власта во однос на легитимитетот. [22]

Опасноста може да се заобиколи со државното огласување на доктрината дека една единствена агенција мора да биде неприкосновена, во одлучувањето за уставноста, и истата, мора да биде дел од федералната власт.[23] Додека површната независност на федералното судство играла витална улога за поголемиот дел од народот, вистинито е и дека судството претставува дел од апаратот на Државата, поставено од извршната и законодавната власт. Блек признава дека ова значи дека Државата се назначува себе како судија во свој случај, и на тој начин го повредува основниот принцип на правичност. Тој грубо ја порекнува можноста на било која алтернатива. [24]

Блек додава:

,,Тогаш задачата е да се смисли начин за да намалување на интензитетот, власта да биде сама свој судија, на некој толерантен минимум. Инаку, може само да се надевате дека ваквата замерка, иако теоретска, практично ќе ја изгуби силата и легитимната работа на одлучувачките институции ќе биде прифатлива” [25]

Во последните анализи, Блек наоѓа дека постигнувањето на правдата во државното судство е вистинско ,,чудо”.[26] 

Поставувајќи ја својата теза, во познатиот конфликт помеѓу Врховниот суд и Њу дил-от, (New Deal – Нов договор), професорот Блек ги критикува своите колеги (кои го подржуваат договор), за нивната кусогледост во осудувањето на судската опструкција:

,,Стандардната верзија на приказната за Њу дилот и судот, иако веродостојна на свој начин, го преместува акцентот….Се концентрира на потешкотиите и скоро ја изоставува последицата од целата работа. Последицата на сето тоа беше [и ова е тоа што сакам да го потенцирам] дека по некои 2 години на непопуштање… Врховниот суд, без ниедна правна промена, постави афирмативен печат на оправданоста на Новиот договор, и на целата нова концепција на власта во Америка.“ [27]

На овој начин, Врховниот суд имаше капацитет да стави крај за големиот број силни и уставно поткрепени спротивставувања на Њу дил-от:

,,Секако, не сите беа задоволни. По некој жесток заговорник на уставно загарантираниот лес-е-фер успеваше да ги загрее срцата на нереалните поборници. Но во јавноста не постоеше некој значаен или опасен јавен сомнеж во оправданоста на уставната моќ на Конгресот да прави она што го сака со националната економија…” 

Немавме други средства освен, Врховниот суд, за обезбедување на легитимитет на Њу дил-от. [28]

Како наведува Блек, големиот политички теоретичар кој ја препозна празнината во уставното ограничување на власта со доделувањето на апсолутна толкувачка моќ на Врховниот суд, беше Џон Калхун. Калхун не беше задоволен со ,,чудото,” туку напротив продолжи со анализа на уставниот проблем. Во неговата Беседа (Disquisition) Калхун демонстрира вродена тенденција кај државата да ги надмине уставните ограничувања:

,,Пишаниот устав сигурно има и многу значајни предности, но голема грешка е да се претпостави дека одредбите кои ја ограничуваат моќта на власта, ќе бидат доволни да ги спречат главните и доминантни партии од злоупотреба на истата. Владеачката партија, од истиот устав кој ја прави неопходна власта за заштита на општеството, ќе ги искористи уставно дадените моќи и ќе им се спротивстави на поставките кои имаат намера да ја ограничат во своето делување… Помалите, или послабите партии, ќе ја заземат спротивната страна и ќе ги сметаат ограничувањата како суштински во заштитата од доминантната партија… Но додека не постои начин на кој може да ја натераат доминантната партија на почитување на ограничувањата, единственa потпора е стриктното толкување на уставот… Доминантната партија би се спротивставила на либерално толкување… Би било толкување против толкување – едното да се договорат, а другото да се зголемат моќите на владата… Во таа нерамноправна борба, несомнен би бил резултатот. Партијата која се залага за ограничување ќе биде совладана… Крајот на борбата би бил субверзија на уставот… ограничувањата крајно анулирани и власта променета во таква со неограничени моќи.” [29]

Еден од неколкуте политиколози кои ја ценеа уставната анализа на Калхун беше професорот Џен Ален Смит. Смит забележа дека уставот е создаден со кочници и рамнотежа, со цел да ја ограничи моќта на власта, а во исто време создаде Врховен суд, кој има монопол на толкување. Ако федералната власт беше создадена за да ги ограничи нападите на личната слобода од државите, кој ќе ја ограничи моќта на федерацијата? Смит продолжи дека во идеата за кочници и рамнотежа на уставот, имплицитно е содржано дека ниедна гранка на власта не може да има неприкосновена моќ на толкување: ,,Народот претпоставуваше дека новата власт не може да има овластување да ги одреди ограничувањата на својата моќ, бидејќи во тој случај таа е неприкосновена, а не уставот.” [30]

Решението протажирано од Калхун беше, секако, познатата доктрина на конкурентно мнозинство. Ако некој суштествен интерес на малцинство во земјата, конкретно властите на федералните единици, верува дека федералната власт ги надминува своите моќи, истите имаат право да изразат безусловно вето. Применето од федералните единици, оваа теорија подразбира право на поништување на федералниот закон или расправа во рамките на државните судства.

Во теорија, уставниот систем би обезбедил контрола од федералната власт врз државните повреди на индивидуалните права, додека државите би ја контролирале прекумерната федерална моќ изразена врз поединците. Иако ограничувањата, недвосмислено би биле поефективни од моменталната состојба, постојат многу потешкотии и проблеми во решението на Калхун. Ако, навистина, потчинетите интереси треба да има право на вето за работите кои се однесуваат на нив, тогаш зошто да се запре со државите? Зошто да не се признае правото на вето и на окрузите, градовите, одделенијата? Дотолку повеќе, интересите не се само географски, туку и професионални, општествени и сл. Што со пекарите, таксистите или некоја друга професија? Дали треба да им биде дозволено право на вето за работи поврзани со нивните животи? Тука доаѓаме до битна точка, во која теоријата на поништување ја ограничува контролата и им ја препушта истата на владините агенции. Да не заборавиме дека федералните и поединечните власти, и нивните гранки, сепак се држави и се водени од нивниот државен интерес, повеќе отколку приватните интереси на граѓаните. Што ќе го спречи системот на Калун да функционира обратно, со држави кои ги тиранизираат граѓаните и го користат ветото кога федералната власт се обиде да ја запре тиранијата? Или државите да ја прифатат федералната тиранија? Што ќе ги спречи федералната и државните власти да формираат сојуз за заедничка експлоатација на граѓаните? Па дури и на приватните професионални групации да им даде некој облик на ,,функционално” претставување во власта, што ќе ги спречи во користењето на Државата за да добијат субвенции и други привилегии, или да формираат картели со принудно членство?

На кратко, Калхун не оди до крај со својата теорија – не оди до поединецот како таков. Ако поединецот е тој чиј права треба да бидат заштитени, тогаш конзистентна теорија би го загарантирала правото на вето за секој поединец; што претставува некој вид на принцип на едногласност. Кога Калхун пишува дека ,,невозможно е [власта] да се вклучи или да продолжи да дејствува без согласност на засегнатите” можеби подразбира таков заклучок. [31] Но таквата шпекулација не отргнува од нашиот предмет, а на таквиот пат се наоѓаат политички системи кои што тешко можат да се наречат ,,држави” пред се. [32] Како што правото на поништување на државата логички го подразбира правото на сецесија, така правото на индивидуално поништување би подразбирало право на секој поединец да се отцепи од државата под која живее. [33]


Американска декларација за независност (www.wallpapercave.com)

Со примена на наведените начини, Државата има покажано одлучувачки талент во проширувањето на своите моќи, над секои ограничувања кои се предвидени. Се додека Државата, неопходно живее од принудна конфискација на приватен капитал, и се додека нејзиното ширење неопходно подразбира засилени упади врз физичките и правни лица, мора да заклучиме дека по природа е анти-капиталистичка. Нашата позиција е спротивна на Марксистичкиот проглас дека државата е извршниот комитет на владеачката класа во денешно време, капиталистите под претпоставка. Напротив, Државата – организацијата на политичките начини – ја воспоставува владеачката класа (попрецизно, владеачката каста), и е во трајно ривалство со изворно приватниот капитал. Можеме да се согласиме со де Џувенил:

,,Само оние што не знаат ништо надвор од себе, и кои се во потполна темнина, а во однос на прашањето за однесувањето на Моќта, илјадници години на назад, ќе ги сметаат овие постапки [национализација, даноци итн.] како плод на определени доктрини. Тие се всушност нормални манифестации на Моќта, и воопшто не се разликуваат во самата природа од конфискацијата на манастири на Хенри 8-ми. Се работи за истиот принцип; глад за власт, жед за ресурси и брза распределба на пленот. Дали е социјалистичка или не, Моќта мора да биде во војна со капиталистичките авторитети и да го пљачка создаденото богатство; а во своето функционирање, единствено го почитува законот на својата природа.”[34] 


[20] De Jouvenel, On Power, стр. 27ff.

[21] Charles L. Black. Jr., The People and the Court (New York: Macmillan, 1960), стр. 35ff.

[22] Ibid., стр. 42–43.

[23] Ibid., стр. 52: Примарната и најнеопходната функција на (Врховниот) суд била таа на потврдување, а не отфрлање. Она што на влада со ограничени моќи и треба, на почетокот и секогаш, се начини на задоволување на народот дека се преземени сите возможни чекори да остане во истите моќи. Ова е услов за нејзиниот легитимитет, и истиот, на долг рок, услов за нејзиниот живот. И судот, низ историјата делувал како оправдувач на владата 

[24] За Блек, ова ,,решение,” е парадоксално и безгрижно очигледно: крајните моќи на Државата… мора да запрат каде што запира правото. И кој ќе ги постави границите, и кој ќе го изврши запирањето на на најголемата моќ? Зошто, Државата самата себеси, секако преку судиите и правото. Кој ја контолира температурата? Кој ги учи мудрите (Ibid., стр. 32–33). И: каде што прашањата се однесуваат на моќта на владата на суверена нација, не е можно да се избере судија кој е надвор од власта. Секоја национална влада, се додека владее, мора да го има конечниот збор за нејзините моќи. (Ibid., стр. 48–49)

[25] Ibid., стр. 49. 

[26] Препишувањето на чудотворство на владата е присутно во оправдувањето на Џејмс Брнхем, на мистичен и ирационален начин: 

,,Во старите времиња, пред илузиите на науката да ја корумпираат традиционалната мудрост, основачите на градови беа познати како богови и полубогови… Ниту изворот, ниту оправдувањето на владата можат да се стават во рационални рамки… зошто треба да прифатам традиционални или демократски или некакви други принципи на легитимитет? Зошто принцип да го оправдува владеењето на тој човек со мене?… Јас го прифаќам принципот… затоа што така е и така било.”

James Burnham, Congress and the American Tradition (Chicago: Regnery, 1959), стр. 3–8. Но што доколку некој не го прифаќа принципот? Кој ќе биде тогаш патот?

[27] Black, The People and the Court, стр. 64. 

[28] Ibid., стр. 65.

[29] John C. Calhoun, A Disquisition on Government (New York: Liberal Arts Press, 1953), стр. 25–27. Исто цит. Murray N. Rothbard, “Conservatism and Freedom: 

[30] J. Allen Smith, The Growth and Decadence of Constitutional Government (New York: Henry Holt, 1930), стр. 88. Смит додава:

,,Беше очигледно дека таму каде што Устав беше создаден да ги ограничи моќите на органот на власта, истиот би можел да се поништи, ако неговото толкување и извршување е оставено на властите кои треба да ги ограничи.

Јасно, здравиот разум бара ни еден орган од владата не треба да ги одредува своите моќи. Секако, здравиот разум и ,,чудата” наложува различни погледи на владата.” (стр.87)

[31] Calhoun, A Disquisition on Government, pp. 20–21. 

[32] Во последните години, принципот на едногласност доживува преродба, посебно во пишувањата на професорот Џејмс Бучанан. Вметнувањето на едногласност во сегашната ситуација, и негова примена во промената на статус-квото, и не постојните закони, може да резултира во трансформација од ограничувачки концепт во гумен печат на Државата. Ако се примени принципот на едногласност само во промените на законите, природата на иницијалната точка на потекло прави голема разлика. Цит. James Buchanan and Gordon Tullock, The Calculus of Consent (Ann Arbor: University of Michigan Press, 1962), passim.

[33] Cf. Herbert Spencer, “The Right to Ignore the State,” in Social Statics (New York: D. Appleton, 1890), pp. 229–39.

[34] De Jouvenel, On Power, p. 171.

Превод:
Никола Љ. Илиевски,  
Либертаниа