Капитализам, феминизам и слобода
извор: Flickr-Tom Simpson | CC BY NA 2.https://creativecommons.org/licenses/by-nc/2.0/0

Капитализам, феминизам и слобода

Во Античка Грција Платон беше еден од оние кои се залагаа за правата на жените израмнувајќи ги со мажите, велејќи дека тие поседуваат „природни капацитети“ за управување на држава исто како нив. За време. За време на просветителството, луѓето како Мери Волстонкрафт енергично расправаа за поголем родова еднаквост. Во втората половина на 19-от век првото феминистичко движење се роди, фокусирајќи се и наскоро постигнувајќи го правото на глас. Во 1960-те години феминизмот беше помешан со антивоеното движење и движењето за човековите права, фокусирајќ се на сексуалните и репродуктивни права. Во 21-от век во фокусот на феминистичкото движење беше сексуално злоставување и сексуално вознемирување, пред се работното место. Во време на социјални медиуми, кулминацијата ја достигна со #metoo движењето.

А сепак, по Втората светска војна, три настани поврзани со иновациите и слободата на пазарната економија направија повеќе за ослободувањето на жената отколку било која кралица или феминистичко движиње некогаш успеаја.

Магичната машина за перење алишта

За разлика од денес, перењето алиште беше мачна, долготрајна неплатена работа. Во поголемиот дел од историјата – за добро или за лишо – жените беа оние кои ја извршуваа оваа домаќинска работа. Не беше важно дали живеете во богата или сиромашна земја, дали доаѓата од богати или сиромашно семејќи. Ако не бевте доволно богати да можете да си дозволите помошник, нешто што ретко кој можеше да си го дозволи, вие моравте да ги перете сопствените (и оние на фамилијата) алишта. 

Помислите на момент како овој процес се одвиваше по Втората светска војна. Не само што половина свет беше уништен, туку и поголемиот дел сеуште не беше индустријализиран. Голем дел од луѓето сеуште живееја во рурални средини каде што проточна вода во домовите беше реткост. Па така, оние жени кои можеа да си го дозволат луксузот да ги перат со стоплена вода на огнот никогаш не ја пропуштаа шансата. За жал, за да ги исперат алиштата голем дел од жените требаше да отидат до селските чешми или реки, честопати перејќи со ладна вода.

Овој процес се промени во 1950-те години кога машината за перење алишта стана дел од домовите на голем број семејства. Одеднаш, технологијата им овозможи на жените да го трошат своето време попрактично – за слободни активности или како што шведскиот лекар и академик Ханс Розлинг објасни, жените имаа повеќе време да им посветат на совите деца, вкучувајќи го и нивното образование.

„За мојата баба, машината за перење алишта беше чудо“, вели розлин во неговиот популар ТЕД-говор од 2011 година.

Оваа слобода исто така им овозможи на жените се повеќе и повеќе да се приклучат на пазарот на труд.

Апчето за контрацепција 

Во антиката како и во средниот век, насекаде во светот преку рудаментални обиди луѓето се обидуваа да го контролираат репродуктивниот процес. Кога се разботи за напредокот кон еднаквоста, ништо не доаѓа блсику до влијанието кое го имаше апчето за контролирање на бременост. За прв пат, комерцијално апче беше произведено во 1960-та година. Иако контрацептивите се користеа подолго време, апчето и овозможи на американската жена – а кратко потоа и на жените насекаде низ светот – репродуктивна слобода како никогаш претходно. Репродуктивната слбоода, покрај очигледните добивки, значеше и поголема слобда за бирање на партнерот. Исто така, апчето овозможи одложување на брак и деца до момент кога и двата партнери сметаат дека тоа е вистинскиот чекор: неочекуваната бременост повеќе не може да ги наруши нивните планови. Исто така, како што бракот и раѓањето сега можеше да се одложи, жените имаа поголема можност да станат дел од пазарот на труд и да се доедуцираат.

Подемот на услужната економија

Милиони мажи служејќи во Втората светска војна оставија зад себе многу работни места. Слично како во Велика Британија за време на Првата светска војна кога жените ги грабнаа вилите вршејќи ја селската работа, така и во САД за време на Втората светска војна се забележа раст на вработеноста кај жените. Повеќе од 6.7 милиони жени беа нововработени, што претставува раст од 50 проценити.

Но кога војната заврши, многу од индустриите поврзани со војната повеќе не постоеја. Оние кои сеуште постоеја беа индустрии во кои традиционално мажи беа вработени. Згора на тоа, ова е генерација на родителите не „бејби бумерите“, каде што многу жени забременија и се грижеа за сопствените деца. Ова му стави крај на воениот бум на на женската вработеност, онолку брзо колку што и почна. Иако беше потребно време за да се врати стапката на вработеност кај жените на нивото од војната, во секој случај тоа забележа постепен раст. Единствената разлика беше што овојпат мажените жени почнаа се повеќе и повеќе да и се приклучуваат на работната сила.

Стагфалцијата од 1970-те години (односно слабиот економски раст проследен со висока инфлација и високо ниво на невработенот) променми се. Следејќи ја кризата, жените се повеќе и повеќе беа желни за работа.

За време на Големата депресија, да се најде работа беше екстремно тешко. Тогаш многу мал број од жените беа дел од работната сила, но поради потребата на фамилијата за преживување значеше секој оној кој може да најде работа ја прифаќаше. И додека стапката на вработеност кај мажите опадна, онаа на жените всушност и порасна. Помеѓу 1930-те и 1940-те години, околу 2.5 милиони жени работеа за плати, пораст од 24 проценти. Стагфлацијата од 1970-те годни е многу слична на кризата од 1930-те години кога се работи за вработеноста на жената. Меѓутоа, во исто време, тие двете епохи се многу различни. Не само што се повеќе жени беа желни за работа, туку тие исто така го задржаа ставот и по завршувањето на кризата.

Со крајот на фабричката работа, економијата се промени од индустриска во услужна во 1970-те години. Во однос на индустриската ера, со подемот на услужната економија жената стана се поконкурентна. Жените почнаа да одбираат поконтинуирани кариери, што значи, ако сакаа статус и заработка слична на мажот, тие исто така  требаа да инвестираат и во образование. Она што беше зачудувачки кога прв пат се случуваше денеска е многу нормално – процентот на жени кои во своите плодни години со дете помало од една година да се дел од работната сила порасна драматично.

Заклучок

Втората светска војна им покажа на жените насекаде во светот дека и тие можат да работат надвор од дома, и што е уште поважно, да бидат платени за истото.Технолишкиот напредок како машината за перење алишта, машината за перење садови, правосмукалката и микробрановата печка ослободија многу време на жената кое претходно беше потрошено за домашните обврски.

Растечкиот животен стандард претставуваше дополнително помалку време потрошено во кујната. Пронаоѓањето на апчето ги ослобди жените да го планираат семејството, дополнително ослободувајќи ги да работат и бидат независни. А со стагфлацијата од 1970-те години и растот на услужната економија жените конечно ја најдоа независноста.

Овие навидум неповрзни настани и овозможија повеќе слобода на жената отколку било кое феминистичко движење во историјата – освен можеби универзалното право на глас. Со помош на држават,а многу организации сeуште ги задушуваат правата на женит. Во исто време пак, токму државата е онаа која ги пенализира. (видетe тука и тука).

Главната одлика на капитализмот и слободата е изборот. Иако ситуацијата сеуште не е перфектна, капитализмот, преку технологијата и слободата да се избере им овозможи на жените да ги избегнат пречките за нивниот просперитет и да создаде еднаквост како никогаш претходно.

Трудот е оригинално напишан на англиски јазик и е објавен на Foundation for Economic Education, а можете да го најдете тука

Simon Sarevski

Симон Саревски, 
Либертаниа и Студенти за слобода