Кон пазарен екологизам: Разговор со Каи Вајс и Кристофер Бернард
Извор: www.pngio.com

Кон пазарен екологизам: Разговор со Каи Вајс и Кристофер Бернард

Каи Вајс е соработник во Центарот за австриска економија (AEC) и член на управниот одбор на Хајек Институтот (HI).


Кристофер Бернард е директор за јавни политики во Американската конзервациска коалиција (ACC), а воедно основач и поранешен претседател на Британската конзервациска Алијанса (BCA)

Симон Саревски од Либертаниа – ЦСП и Студенти за слобода, поразговара со нив за проблемите со кои се соочуваме кога се работи за животната средина и за тоа како пазарот може да дојде до еколошки решенија. Центарот за австриска економија и Британската конзервациска алијанса во соработка со 15 пазарно-ориентирани институти неодамна ја објавија книгата Green Market Environmentalism: How Market Can Protect Environmentalism можете да ја пронајдете тука.


Green Market Environmentalism: How Market Can Protect Environmentalism 
(Извор: www.atlasnetwork.org)

Симон Саревски: Што претставува пазарен екологизам?

Каи Вајс: Ние треба да се бориме со глобалното затоплување, но паниката, уништувањето на економијата и на нашите слободи не се вистинските методи. Напротив, принципите на приватна сопственост, пазарната економија, слободна трговија и владеење на правато се подобри алатки за решавање на еколошките проблеми. Најдобар начин да ја зачуваме природата е преку поттикнување на приватната сопственост, интернализацијата на негативните еколошки влијанија и давање на првенство на локалниот пристат, наместо политичка централизација. Човештвото е дел од природата, а не нејзин натрапник. Единствено можеме да ги решиме овие проблеми преку соработка и иновација, со здрава доза на оптимизам. Оваа визија која ја нарекуваме пазарен екологизам не е оксиморон.

Симон Саревски: Често се вели „треба да направиме нешто“ во врска со климатските промени. Дали можеби данокот на јаглерод диоксид е тоа нешто? Можеби уште побитно,  на кој начин би  требала државата да биде вклучена?

Кристофер Бернард: Нашите погледи на ова прашање се разликуваат. Јас сметам дека  трансакциите на слободниот пазар можат да функционираат само ако се фер, а тоа значи, земање предвид на потенцијалните негативни екстерналии од истите. Односно, ако економската трансакција која ја загадува атмосферата и во трошокот не ги зема во предвид и овие трошоци на загадувањет, претстаува нефер економска трансакција. 

Денес јаглерод диоксид претставува најголемата негативна екстерналија кога се работи за загадувањето, а воедно и го има најголемото влијание врз остатокот од светот, па така фер е оние кои загадуваат да платат за истото загадување. Кога се работи за јавна политика, јас гледам на данокот на јаглерод диоксид како можност за намалување на другите даноци. На тој начин новиот данок не претставува само алатка за дополнителен приход на средства за државата да троши. Во исто време тој претставуа и можност за намалување на многу видови на регулации кои го отежнуваат функционирањето во бизнис секторот. 

Каи Вајс: Се согласува со Крис за теоретската основа на данокот на јаглерод диоксид. Секако дека трошокот може да се интернализира преку данок, но во исто време ќе се соочиме со многу практични проблеми. Како за почеток, премногу е тешко да се дојде до вистинското ниво на данокот. Во однос на моделот кој го користите и начинот на кој го мерите трошокот, цените се движат помеѓу дваесет и двесте долари за тон карбон диоксид. Иако нејасна коректната бројка, очигледно е дека одлучувањето е дел од политичкиот процес. Тоа претставува политички екологизам, а не пазарен.

Навистина, постои пазарен неуспех кој треба да го поправи државата, а како и со се останото, голем е потенцијалот и за државен неуспех. Би рекол дека поголем е ризикот политичарите да го искористат овој данок како ќе посакаат. Веројатноста не е голема дека со данок на јаглерод диоксид ќе се изгради фер систем. 

И за крај, екстремно важна е разликата кога се обидуваме да најдеме решение за овие предизвици преку казнување на оние кои загадуваат или преку поттикнување на добро однесување. Јас би преферирал даночни намалувања за еколошки инвестиции кои би ги поттикнале претприемачите да прават еколошко добро наместо да земаат богатството од економијата преку даноци. Секогаш, прво треба да се намалуваат бариерите, а не да се воведуваат нови даноци.

Симон Саревски: Ако претпоставиме дека решавањето на климатските проблеми е скапо, колку можеме да потрошиме за да ги решиме?

Каи Вајс: Главната поента е изборот не треба да биде помеѓу подобра животна средина и економски раст. Можеме да ги имате двете во исто време. Тоа е многу важна поента за идеологиите која го критикува економскиот раст велат дека се би било во ред кога би се вратиле во општество на ловци-собирачи. Кога всушност ќе погледнете на економскиот раст може да забележите дека со себе тој  носи и почиста животна средина. Кога ќе погледнете на Индексот за Еколошки Перформанс (Environmental Performance Index) кој мери колку зелени и чисти се земјите во светот и го споредите со Индексот на Економскa Слобода (Index of Economic Freedom) на Херитиџ фондацијата, ќе забележите дека послободните економии, кои во исто време се и побогати, имаат и почиста животна средина и имаат подобри еколошки перформанс, за разлика од посиромашните деспотски режими. Избор помеѓу екологија и економски раст, навистина не постои. Тие можат да одат рака под рака без притоа да се жртвува едно од двете.

Симон Саревски: Дали можеби треба да обрнеме внимание на чистата и одржлива енергија? Дали можеби нејзиното субвенционирање е одговорот кој ни е потребен?

Кристофер Бернард: Ако погледенете низ историјата на  субвенционирање ќе забележите дека субвенциите не завршиле голема работа во однос на намалувањето на емисиите на гасови. 

Кога пак ќе погледнете на местата во светот каде што има најголемо ниво на конкуренција и енергетски избор, тогаш ќе забележите дека тие декарбонизираат побрзо, а воедно со ниска цена на енергија. Субвенциите не се вистинскиот начин, бидејќи преку нив создавате тендеција да ги повластите веќе постоечки производители на енергија и да обесхрабрите било каква иновативност. Конкурентниот енергетски пазар ги тера играчите да бидат иновативни и да дојдат до подобри и поефиксни технологии, кои во исто време ги прават цените најниски заради привлекување на нови потрошувачи.

Симон Саревски: Кога ќе ја споредиме зелената и одрживата енергија со јаглен, природен гас, нуклеарна енергија, дали може да најдеме вистински избор за во иднина?

Кристофер Бернард: Тешко е точно да се пресмета, бидејќи фосилните горива имаат добиено трилиони субвенции последниве неколку децении, што во основа целосно го уништува пазарот. 

Симон Саревски: Леонардо ди Каприо во „Пред поројот“ ни покажа колку (многу) прехрамбениот процес на месо ја загадува животната средина. Дали можеби лабараториското месо е следната голема иновација која ќе го реши проблемот со климатските промени?

Каи Вајс: Не ги знам точно деталите во врска со производството на месо, но примерот со лабараториското е одличен за тоа како иновациите можат и навистина ќе помогнат.

Кога постои проблем, најчесто постои и начин на кој некој претприемач и иноватор може да го реши истиот. Впрочем, секој ден можеме да видиме како иновации и креативни идеи решаваат проблеми од еколошка природа. Кога се работи за лабараториско месо, можеби ќе ни биде потребно уште една до две децении за истото да стане мејнстрим, што ќе не доведе поблиску до чиста природа.

Симон Саревски: Вашата книга се фокусираше на САД; Британија, Европа и Австрија. Дали еколошките решенија оставаат простор за малите земји како Македонија, или економиите од обем играат преголема улога и само големите земји можат да придонесат кон решавањето на проблемот?

Кристофер Бернард:

Ништо не ги спречува малите земји да дојдат до потенцијални иновации кои можат да го променат светот. Иако е мала земја, Израел има многу иновации. Па така, дефинитивно постои можноста и малите да дојдат до решенија, посебно кога се работи за екологијата. 

Декарбонизирањето на САД е секако поважно од она на Австрија бидејќи САД е далеку поголема земја и имаат многу поголем удел во светското загадување. Токму затоа идејата за конкуренција помеѓу државите да декарбонизираат во најбрз можен период е толку битна. Конкуренцијата овозможува да се дојде до подобри универзални решенија, но во исто време овозможува и да се дојде до подобри локални решенија, бидејќи земјите, сепак меѓусебно се разликуваат.

Симон Саревски: Што би рекле за пристапот на големите држави-загадувачи како Кина и Индија?

Кристофер Бернард: Интересно е да се напомене дека Русија и Кина се обидуваат да станат светски лидери во нуклеарна енергија. Секако дека постојат безбедносни прашања кога се работи за нуклеарно производство во Африка. Искрено се надевам дека ќе ја сфатат нивната обврска. За жал, Кина сеуште отвора нови фабрики на јаглен. Но, во исто време сметам дека земјите како Америка, Израел, Британија и Европа можат да дојдат до иновации кои ќе бидат ефикасни, и ќе бидат споделени или продадени на Кина. Се надевам Кина ќе ги преземе тие иновации и ќе ги примени во својата економија и на тој начин ќе ја намали емисијата на гасови.

Симон Саревски: Опкружени со идеи за „престојната пропаст“, дали има простор за оптимизам?

Каи Вајс:

Тоа е многу битна поента во однос на пазарната перспектива. Претприемачите, изумителите, креативните умови, како и филантропите всушност можат да направат промена ако обезбедиме услови за пронаоаѓање на решенија, кои дополнително можат да се мултиплицираат. 

Кога ќе погледнете на светот денес, не само што тој е побогат туку е и почист. За произведување на истиот аутпут, денес потребни ни се една третина ресурси отколку што ни беа потребни пред сто години. Како што би рекол Џулиан Сајмон, врвниот ресурс е човечкиот ум.  Имаме се повеќе луѓе кои се соочуваат со овие проблеми, што значи се повеќе можности да се направат вистински промени и од тука воопшто не се сомневам дека ќе успееме да се соочиме со истите.

Симон Саревски: Како да најдеме слобода во неслободен свет?

Кристофер Бернард: Мислам дека легендарниот Роб Дафи е во право кога ќе рече дека многу луѓе гледаат на светот и го проектираат светот на себе. Треба да запаметиме дека сепак ние сме поединци, луѓе со сопствен разум, фамилии и заедници и не треба да бидеме вовлечени во драмата и песимизмот на остатокот од светот. Мора да запаметиме дека потребно е да преземеме одговорност и да го живееме животот слободно. Животот не е само политика или некој друг вид на надворешно прашање. 

Каи Вајс: До некаде би се сложил со Крис. Подобро е да ја бараме слободата и да се бориме за неа кога се работи за малите нешта. На локално ниво можеме да направиме многу повеќе, наместо да правиме големи планови за тоа како да го промениме целиот свет. Тоа е секогаш нереалистично. Па затоа да се фокусираме на она што ни е блиску и да создадеме услови да се направи промената. Токму во малите работи се кријат најголемите можности за слобода.

Simon Sarevski

Симон Саревски,
Либертаниа и Студенти за слобода