Џон Галт Школа 2022, шеста сесија


Никола Љ. Илиевски, од Либертаниа, на ден 26-ти мај 2022, во рамки на шестата сесија на Школата за објективизам Џон Галт, одржа предавање со наслов Кон (по)слободно општество

Во своето предавање Никола зборуваше повеќе околу слободарството, оправдувањата позади истото, феноменот на општествена промена, концептот на Овертонов прозорец на политички можности, како и процесот кон (по)слободно општество.

На следната сесија, која ќе се одржи на 2-ри јуни во 19 часот, ќе зборува Блаже Аризанов кој има искуство со старт-апи, крипто-валути, но е и одличен познавач на слободарството.