Култот Ковид
Извор: www.consentfactory.files.wordpress.com

Култот Ковид

Едно од главните обележја на тоталитаризмот е масовната комфорност на луѓето со официјалниот психотичен наратив. Не како оние на ,,Студената војна” или ,,Војната против тероризмот”. Тотално заблудувачки официјален наратив кој нема врска со реалноста и кој е противречен на фактите.

Нацизмот и Сталинизмот се класични примери, но овој феномен е подобро прикажан во култовите и останатите суб-културни општествени групи. Многу примери доаѓаат на ум: ,,семејството Менсон”, Џим Џонс и неговиот “Храм на народот”, Црквата на Скиентологијата, Небесната порта, итн., секој со свој психотичен официјален наратив: Хелтер Скелтер, Христијански Комунизам, Ксену и “Галактичката конфедерација”, и така натаму. 

Гледајќи од доминантната култура (или назад низ времето како во случајот на нацистите), природата на заблуда на овие официјални наративи е очигледна за повеќето разумни луѓе. Она што многу луѓе не успеваат да го разберат е дека за оние кои стануваат нивни жртви (без разлика дали се поединечни членови на култот или цели тоталитарни општества), ваквите наративи не се перцепираат како психотични. Напротив, тие се чувствуваат сосема нормално. Сè во нивната општествена „реалност“ го потврдуваат и реафирмираат наративот, и сè што го предизвикува или противречи на истиот, е егзистенцијална закана.

Овие наративи се секогаш параноични, претставувајќи го култот како загрозен или прогонуван од злобен непријател или антагонистичка сила, од кој само тоталната усогласеност со култната идеологија може да ги спаси членовите. Не се прави голема разлика околу тоа дали антагонистот е мејнстрим култура, или контрареволуција, Евреи, или вирус. Поентата не е идентитетот на непријателот, туку атмосферата на параноја и хистерија што ја создава официјалниот наратив, со тоа одржувајќи ги членовите на култот (или општеството) усогласени.

Покрај тоа што се параноични, овие наративи се честопати внатрешно неконзистентни, нелогични и потполно смешни. Ова не ги ослабнува, како што човек може да се посомнева. Всушност, тоа ја зголемува нивната моќ, бидејќи ги принудува нивните приврзаници да се обидат да се помират со нивната недоследност и ирационалност, а во многу случаи и крајната апсурдност, се со цел да останат во добра состојба со култот. Таквото помирување е, се разбира, невозможно, и предизвикува умовите на членовите на култот да имаат ,,краток спој” и да се откажат од секаков вид на критичко размислување, што е токму тоа што го цели водачот на култот.

Покрај тоа, водачите на култови често радикално ги менуваат овие наративи без никаква очигледна причина, принудувајќи ги членовите нагло да се откажат од верувањата што претходно биле принудени да ги поседуваат, и да се однесуваат како никогаш да не верувале во истите, сè додека на крајот не се откажат дури и од обидот да размислуваат рационално, и безумно да ги повторуваат бесмислените глупости со кои водачот им ги полни главите. Роберт Џеј Лифтон објаснува,

,,Јазикот на тоталитарното опкружување се карактеризира со клишето на размислувањето. Најдалекусежните и најсложените човечки проблеми се поедноставени во кратки, високо селективни фрази, со дефинитивен звук, лесно запаметливи и изразени. Тие стануваат почеток и крај на секоја идеолошка анализа.”

Ако сето ова ви звучи познато, тоа е добро. Бидејќи истите техники кои повеќето водичи на култови ги користат за да ги контролираат умовите на членовите, ги користат и тоталитарните системи за контрола на умовите на цели општества, опишани од Роберт Лифтон како 8 критериуми за мисловна реформа: Milieu Control (контрола врз општественото опкружување), Loaded Language (манипулација преку вербална комуникација со силни конотации), Demand for Purity (манипулација преку барање за чистота), итн. Тоа може да му се случи на скоро секое општество, како и секој поединец што може да стане жртва на култ, под правилниот сет на околности.

Тоа се случува во повеќето општества. Се спроведува тоталитарен, официјален и психотичен наратив, не помалку заблудувачки од оној на Нацистите, или семејството Менсон, или кој било друг култ.

Повеќето од луѓето не можат да видат дека тоа се случува, поради едноставната причина дека тоа ним им се случува. Тие буквално не се во состојба да го препознаат тоа. Човековиот ум е исклучително еластичен и инвентивен кога е турнат над своите граници. Само прашајте некој кој се бори со психоза, или некој кој консумирал премногу LSD. Ние не препознаваме кога полудуваме. Кога реалноста целосно ќе се распадне, умот креира заблудувачки наратив, кој се чини исто толку реален како и нормалната реалност, затоа што дури и заблудата е подобра од застрашувачкиот терор на целосен хаос.

Ова е тоа на кое се надеваат тоталитаристите и водачите на култови, и го искористуваат за да ги всадат нивните наративи во нашите умови, и зошто вистинските ритуали за иницијација (спрема чисто симболичките ритуали) започнуваат со напад на умот на субјектот, со терор, болка, физичка исцрпеност, психоделични супстанци, или некои други средства за уништување на перцепцијата кон реалноста. Штом тоа се постигне, а умот на субјектот започнува очајно да се обидува да конструира нов наратив за да има некаква смисла од целиот тој когнитивен хаос и психолошката траума што ја претрпува, релативно е лесно да се води тој процес и да се всади кој било наратив.

И затоа толку многу луѓе – кои лесно можат да го препознаат тоталитаризмот во култовите и странските земји – не можат да го согледаат оној кој се формира сега, пред нивните лица (односно, нивните умови). Ниту пак да ја согледаат ситуацијата на официјалниот заблудувачки наратив ,,Ковид-19”, исто како оние од нацистичка Германија што не можеле да согледаат колку е заблуден нивниот официјален наратив за ,,супериорна ариевска раса”. Тие луѓе не се ниту неуки ниту глупави. Тие се успешно иницирани во култот, што е во суштина тоталитаризам.

Нивната иницијација во ,,Култот Ковид” започна во јануари, кога медицинските тела и корпоративните медиуми го вклучија стравот, со проекции од стотици милиони смртни случаеви и многу лажни слики од луѓе кои паѓаат мртви по улиците. И така, психолошкото условување продолжи со месеци. Глобалните маси се подложени на постојан прилив на пропаганда, фалсификувана хистерија, необработени шпекулации, спротивставени директиви, претерувања, лаги и невкусни театарски ефекти. Полициски часови. Целосни затворања. Tеренски болници и мртовечници за итни случаеви. Персонал од ,,Национални здравствени служби” кој пее и танцува. Камиони за смртни случаеви. Преполни eдиници за интензивна нега. Мртви бебиња од Ковид. Манипулирана статистика. Насилнички одреди. Маски. И сè останато. 

Осум месеци подоцна, и еве сме. Раководителот на програмата за здравствени итни случаи при СЗО потврди дека стапката на смртност при инфекција е 0.14%, приближно исто колку и сезонскиот грип. 

И еве ги најновите проценки за стапката на преживување од Центарот за контрола на болести:

Возраст 0-19 … 99.997%
Возраст 20-49 … 99.98%
Возраст 50-69 … 99.5%
Возраст 70+ … 94.6%

Научниот аргумент е официјално завршен. Се поголем број лекари и медицински експерти ги кршат редовите и објаснуваат како моменталната масовна хистерија околу „случаите“ (која сега вклучува совршено здрави луѓе) е во суштина бесмислена пропаганда, прикажано во овој сегмент на АРД, еден од најголемите мејнстрим германски ТВ канали.

А тука го имаме и случајот на Шведска и останатите држави кои не играат според правилата на официјалниот наратив “Ковид-19”, што е буквално исмејување на постојаната апсурдна хистерија.

Нема да продолжам со разоткривање на наративот. Поентата е дека фактите се достапни. Не од веб-страниците на ,,теоретичарите на заговорот”. Од мејнстрим медиуми и медицински експерти. Од Центарот за контрола на болести. 

Она што е најмалку битно, посебно не за припадниците на “Култот Ковид” се фактите. Она што е навистина битно е лојалноста кон култот или партијата.

Што значи дека имаме сериозен проблем, на сите нас на кои сè уште им значат фактите и кои се обидуваме да им ги прикажеме на останатите, за да ги убедиме членовите на ,,Култот Ковид” дека не се во право за вирусот… кој трае осум месеци сѐ до овој момент.

Иако е клучно да продолжиме да ги пријавуваме фактите и да ги споделуваме со што е можно повеќе луѓе – а станува сè потешко поради цензурата на алтернативните медиуми – многу е битно е да го прифатиме она против кое се бориме. Тоа не се недоразбирањата или расправиите околу научни факти. Тоа е фанатичното идеолошко движење. Глобално тоталитарно движење – прво од ваков вид во историјата на човештвото.

Тоа не е националниот тоталитаризам, бидејќи живееме во глоболна корпоративна империја, водена не од нации-држави, туку од супранационални ентитети и глобалниот корпоративен систем. Наместо култот да постои како дел во рамките на доминантната култура, самиот стана доминантната култура, а сите ние кои не сме се приклучиле на истиот, станавме изолирани делови во него. 

Би сакал да бидам пооптимистичен и можеби да понудам некаков план за дејствување, но единствената историска паралела на која можам да помислам е како Христијанството го ,,преобрази” паганскиот свет… што не навестува толку добра иднина за нас. Додека седите дома за време на затворатањата од вториот бран, можеби ќе сакате да ја препрочитате таа историја.
Тесктот претставува превод на The Covidian Cult, напишан од CJ Hopkins, објавен во consentfactory.org, октомври 2020 година, достапен тука.

Превод:
Кристина Ставревска
Либертаниа