Лекот за инфлацијата, како и повеќето лекови, се состои главно отстранување на причината. Причината за инфлација e поврзана со зголемувањето на пари и кредити во оптек. Лекот е запирање на тие активност. Лекот за инфлацијата, на кратко е стопирање на истата. Едноставно.
Иако, во принцип едноставно, лекот чество влучува сложени и непопуларни одлуки. Да започнеме со федералниот буџет. Повеќе од невозможно е да се очекува да се избегне инфлацијата со континуиран тежок дефицит. Дефицотот, скоро сигурно е финансиран со помош на инфлациони мерки, преку непосредно и посредно печатење на пари. Големите владини трошења не се сами по себе инфлаторни, а обезбедени се од даноците или заем. Но потешкотиите со овие методи е плаќањето е тоа штом еднаш расходите ќе поминат определена точа и се доволно големи, скоро е непходно, властите да се насочат кон печатење на пари.
Дотолку повеќе, иако големите расходи се целосно финансирани од големи даноци и не се нужно инфлаторски, тие и тоа како го намалуваат и нарушуваат производството, а го поткопуваат системот на слободна економија. Затоа, лекот за огромните владини трошоци не се огромните даноци, туку запирање на непромисленото трошење
Од монетарна страна, Трезорот и системот на Федерални резерви, мора да запрат со создавање на вештачки ефтини пари, т.е. тие мора да запрат со арбитрерно држење на каматите на ниско ниво. Федералните резерви не смеат да се вратат на претходните политики на купување владините долгови. Кога каматите се држат ниски на вештачки начин, тие охрабруваат раст на задолжувањето. Тоа води кон зголемување на понудата на пари и кредити. Процесот функционира во двата правци – потребен е пораст на понуда на пари и кредити, за да се одржат ниските камати на вештачки начин. Затоа политиките на „ефтини пари“ и владино задолжување се едноставнно два начина да се објасни истата работа. Кога банките на Федералните резерви купија 2.5% од задолжувањата, тоа значи дека ја држеа каматната стапка на долг рок на 2,5%. И тиа ги платија овие задолжувања со печатење на повеќе пари. Ова е познато како „монетизирање“ на јавниот долг. Инфлацијата се случува толку долго, колку и овие процеси.
Системот на Федерални резерви, доколку е решен да ја запре инфлацијата и да ги исполнува своите обврски, ќе се воздржи од напорите за задржување на каматните стапки и монетизација на јавниот долг. Истиот треба да се врати кон традицијата дека есконтната стапка на централната банка треба (а пред сè во инфлаторен период) да биде стапка на „казна“ – т.е. стапка повисока од онаа што самите банки-членки ја добиваат на нивните заеми.
Конгресот треба да го врати коефициентот на задолжителната законска резерва на Банките на Федералните резерви на претходното ниво од 35 и 40 %, наместо сегашното ниво на „вонредна состојба“ од 25 отсто, стапено во сила како мерка за поствоената инфлација во јуни 1945 година. Подоцна ќе разговарам за други начини за спречување на несоодветното зголемување на понудата на пари и кредити. Но, би сакал овде да го искажам моето убедување дека светот никогаш нема да се извлече од сегашната инфлаторна ера додека не се врати на златниот стандард. Златниот стандард обезбеди практично автоматска проверка на внатрешната кредитна експанзија. Затоа бирократите го напуштија. Покрај тоа што е заштита од инфлација, тој е единствениот систем што некогаш му обезбедил на светот еквивалент на меѓународна валута.
Првото прашање што треба да се постави денес не е како можеме да ја запреме инфлацијата, туку дали навистина сакаме? Зашто, еден од ефектите на инфлацијата е да донесе прераспределба на богатството и приходите. Во раните фази (додека не дојде до точка каде што грубо го искривува и поткопува самото производство) некои групи на луѓе имаат корис за сметка на други. Првите имаат интерес за одржување на инфлацијата. Премногу од нас продолжуваат под заблудата дека можеме да ја победиме играта – дека можеме да ги зголемиме сопствените приходи побрзо од нашите животни трошоци. Значи има голема доза на лицемерие во негодувањето против инфлацијата. Многумина од нас всушност викаат: „Задржете ги цените и приходите на сите освен моите“.
Владите се најлошите престапници во ова лицемерие. Во исто време кога тие тврдат дека „се борат против инфлацијата“, тие ја следат таканаречената политика на „целосно вработување“. Како што еднаш рече еден застапник на инфлацијата во London Economist: „Инфлацијата е девет десетини од секоја политика за целосно вработување“.
Она што тој заборави да додаде е дека инфлацијата секогаш мора да завршува со криза и пад, а дека полошо од самиот пад може да биде јавната заблуда дека падот не е предизвикан од претходната инфлација, туку од вродените дефекти на „ капитализмот“.
Инфлацијата, да сумираме, е зголемување на обемот на пари и банкарски кредити во однос на обемот на стоки. Тоа е штетно затоа што ја амортизира вредноста на монетарната единица, ги зголемува трошоците за живот на сите, наметнува она што е всушност данок на најсиромашните (без исклучоци) со висока стапка како данокот на најбогатите, ја брише вредноста на заштедите, ги обесхрабрува идните заштеди, ненамерно го прераспределува богатството и приходите, ги поттикнува и наградува шпекулациите и коцкањето, на сметка на штедливоста и работата, ја поткопува довербата во правдата на системот на слободна економија и го корумпира јавниот и приватниот морал.
Но, тоа никогаш не е „неизбежно“. Секогаш можеме да го запреме преку ноќ, ако имаме искрена волја за тоа.
Текстот е превод на:
- Henry Hazlitt – The Cure for Inflation (mises.org)
Превод и стручна редакција:
Никола Љ. Илиевски
Основач и програмски директор на Либертаниа, координатор на Студенти за слобода и помлад уредувач во меѓународното научно списание Journal of Liberty and International Affairs. Исто така магистер во меѓународно јавно право и студент на докторски студии по политички науки на УКИМ-Скопје.