Петтата сесија беше на тема: Леви и десни авторитаризми

Петтата сесија беше на тема: Леви и десни авторитаризми

На петтата сесија на Школата за анти-авторитарни студии кое се одржа на  предавање имаше Никола Илиевски, докторанд на политички науки. Предавањето беше насловено Леви и десни авторитаризми.

Унгарскиот тип на авторитаризам во време на владеењето на В. Орбан како специфичен облик на десен авторитаризам. Беше претставен случајот со затворањето на Универзитетот ЦЕУ и начините на загушување на слободата. Од друга страна беше претставена Северна Кореја како облик на лев авторитарен режим и начинот на кој владее династијата Ун.

Студентите беа дел и од работилница каде имаа за задача да побараат како се рангирани овие држави во индексите за слобода, демократија и авторитарност и како се карактеризирани според нив. Ваквата работилница беше со цел да им даде насоки и при пишувањето на студиите на случај за овие две држави.