Aleksandar Kokotovik_Sesija7

Александар Кокотовиќ на темата: Либертаријанизам – од индивидуална слобода до слободно и просперитетно општество


Оваа недела на 28 мај имавме можност да го слушнеме предавањето на Александар Кокотовиќ, Директор за глобални кампањи во Students For Liberty. Александар доаѓа од Белград, Србија и ќе зборува на темата Либертаријанизам – од индивидуална слобода до слободно и просперитетно општество.

Во своето предавање тој ги опфати теориите за државата и направи презентација на политичкиот спектар за левица и десница, со осврт на либертаријанизмот како засебна политичка филозофија која нуди идеи засновани на слободата како примат. Според него индивидуалната слобода е првиот чекор кон создавање на средина за развој на останатите политички и економски слободи. На крајот ја отвори дискусијата со модерните трендови и на кој начин државата и нејзините регулативи го ограничуваат слободното тргување и располагање со својот имот, труд па дури и тело.

Дел од студентите на школата покажаа интерес за вклучување во програмата за локални координатори на  Students For Liberty – Europe.

Пред да ја затвориме школата со завршниот настан и презентација на студиите на случај на кои работеа студентите, наредната недела ќе го имаме читачкиот клуб како претпоследна активност.