Лидерски атлас на Школата за објективизам Џон Галт

Лидерски атлас на Школата за објективизам Џон Галт

На 12 ноември на Школата за објективизам – Џон Галт во Битола, се одржа трета сесија на која студентите учествуваа во работилницата Лидерски атлас.

Оваа работилница има за цел преку сет од прашања поврзани со карактеристиките и преференците на учесниците поединечно, да ги окарактеризиран истите и тоа како воини, визионери, грижители или аналитички мислители. Поголемиот број од учесниците се профилираа како воини, со особини како одлучност, решителност и упорност.

Следната сесија ќе се одржи на 18 ноември, а студентите ќе имаат шанса да го слушнат Немања Радојевиќ од Балкански објективистички центар од Белград, Србија, на тема Епистемологија и метафизика на објективизмот.