Лудвиг вон Мисес, Тесла на општествените науки
Извор: www.fee.org

Лудвиг вон Мисес, Тесла на општествените науки

Лудвиг вон Мисес, еден од најзначајните економисти, и општествени научници на дваесеттиот век, претставува главна фигура во Австриската економска школа, кој во средината на дваесетиот век успеа истата да ја консолидизира и систематизира. Неговото мастер дело Human Action е појдовна точка за секој оној кој што сака да ја проучува истата и праксеологијата како наука. 

Велеше дека економистите мораат да препознаат дека она со што се занимаваат е вкоренето во вредностите и акциите на поединците. Залудно е, за економистите, да го следат примерот на природните науки и да бараат механички врски, како агрегирана побарувачка и агрегирана понуда, бидејќи тие се статични и не и даваат простор на различноста на луѓето, како и вредноситите кои ги мотивираат нивните економски животи. Напротив, економијата е дедуктивна наука: нејзините принципи мора да потекнуваат логички од самото постоење и природата на човековите цели и акции. Науката чиј основоположник е, и треба да се бави со човековите акции, се нарекува праксеологија

Мисес, исто така истакнуваше дека непопречен слободен пазар е единствениот функционален и продуктивен економски систем. Социјализмот не може да биде успешен, затоа што без цени, не може да се пресмета трошокот на секоја акција. Во продолжение, сметаше дека секој владин или државен обид да го подобри функционирањето на пазарната економија е поразителен. Со своето убедливо отфрлање на царините и субвенциите, контролата на плати и цени, ограничувањата на слобода на движење на добра и луѓе, и државниот упад во приватната сфера, Мисес постави стандарди за слободарски радикализам, лес-е-фер политики и генерално либерализмот. 

Роден е на 29 септември 1881 година во Лемберг, Австро-Унгарија, или денешен Лавов (Lviv) во Украина. Поголем дел од младоста ја поминува во Виена, каде што докторира на право и економија во 1906 година. 

Во 1940-тата, заедно со својата сопруга се преселува во Америка, каде што станува визитинг професор на Универзитетот Њу Јорк. Во 1947 година е еден од основачите на Mont Pelerin Society, своевремено едно од најголемите друштва, промотори на политички и економски либерализам. Умира во 1973 година, во Њу Јорк, а зад него остава огромно научно наследство инспирација за идните слободарски генерации. 

Главна улога во заживување и промоција на идеите на Мисес има Mises Institute, основан во 1982 година во Алабама. Институтот издава академски списанија и книги, нуди курсови по елементарна, средна и напредна Австриска економија, и привлекува голем број на студенти и професори.

Во негова чест, на неговиот роденден, и благодарение на институтот кој го носи неговото име, ви ги нудиме неговите најпознати дела:

1. Human Action (1949)
12. Bureaucracy (1944)

Види повеќе:

Никола Љ. Илиевски,  
Либертаниа