извор: https://unsplash.com/photos/eBWzFKahEaU

Маргиналистичка револуција – 150 подоцна

Тргувањето и водењето бизнис е старо колку и човештвото. Низ вековите може да се забележат многу рудаментални обиди за да се објасни како всушност функционира овој дел од човековото постоење. Тие обиди конечно кулминираа со успех во втората половина на 18-от век кога Адам Смит ја напиша „Богатството на народите“. Оние кои ги следа неговите чекори набрзу ги надоградија неговите заклучоци. И иако класичните економисти беа многу успешни и знаењето бележеше експоненцијален раст, одредени фундаментални прашања останаа неодговорени. Главното прашање кое им задаваше главоболки беше парадоксот дијамант-вода, односно зошто цената на дијамантот е толку голема во однос на онаа на водата, знаејќи дека без вода не може да се живее, а дијамантот не е ништо повеќе од скапоцен камен (барем во тоа време).

Имено, од Адам Смит па се до 1871-та година трудовата теорија на вредноста царуваше помеѓу класичните економисти. Ним им беше јасно дека производството се движи во насока водена од профитниот мотив и дека конкуренцијата ќе резултира со изедначување на профитната маржа во една „нормална“ големина. Меѓутоа, на побарувачката гледаа како „дадена“ вредност, од каде што и се јавува неможноста да одговорат на парадоксот. До одговорот на парадоксот дијамант-вода во 1871 година ќе дојдат Карл Менгер и Вилијам Стенли Џевонс, а само три години потоа и Леон Валрас, независно еден од друг.

Маргиналистичката револуција  

За разлика од класичните економисти, маргиналистите го напуштија или-или размислувањето. Повеќе не се работеше за целото количество на вода и дијаманти со кои располага светот. Напротив, важни се сукцесивните поединечни единици на доброто за кое станува збор. На пример, водата може да се користи за пиење, наводнување цвеќиња, миење прозори и ред други работи. Потрошувачот, поради своите преференциите би платил различна сума за водата за секој начин на кој може да ја искористи. И бидејќи водата ја има во изобилство во однос на сите потреби на човекот, а во исто време нејзината корисност бележи опаѓачки редослед, цената на водата во целост ќе зависи од цената на „маргиналната“ или „последната“ единица на вода која потрошувачот е спремен да ја плати. На тој начин маргиналистите доаѓаат до одговор на парадоксот дијамант-вода и радикална го променуваат начинот на кој економистите ја сфаќаат логиката позади процесот на формирање на цените.

Повеќе не постои „објективна“ вредност, туку само „субјективна“. Тоа не само што не и дозволуа на цената да биде објективна, туку и трошоците повеќе не се објективни. Тие не зависат од количеството на труд е потрошен за да се дојде до крајниот производ, туку од (маргиналната) корисноста.

Раѓањето на Австриската економска школа

Иако тројцата доаѓаат до истите заклучоци во исто време, во 19-от век Менгер не ја дели славата на своите колеги маргиналисти, пред се поради неаналитичноста во неговиот (и неговите следбеници) пристап. Додека Џевонс и Валрас се користат со хипотетички беконечно континуирани математички функции, Менгер се користи со примери од реалноста, односно вистински избор направен од вистински луѓе во реалниот свет. Понатаму, оваа оддалеченост на австријците од она што претставува мејнстрим економија се продлабочува со Лудвиг фон Мизес и Мареј Ротбард. 

Ако модерната неокласична економија, во духот на Џевонс и Валрас, научноста на економијата ја базира на моделираниње, тестирање хипотези и нивно потврдување, за австијците економијата е чисто дедуктивна наука. Тоа не значи дека тие бегаат од тестирање на своите хипотези. Меѓутоа, поради недостатокот на податоци и знаење, научноста преку моделирањето е недовола. Оттаму, австријците ќе речат дека дури и со потврдувањето на една хипотеза, доколку во основа е изоставен дедуктивниот пристап, заклучокот може да биде сосема погрешен. Можеби најдобар пример за она што го зборувам би била расправата околу минималната плата.

Ако претпоставка дека пазарот на труд е (релативно) конкурентен, тогаш цената на трудот се изедначува со маргиналната продуктивност на трудот. Ако цената на трудот порасне не поради неговата зголемена продуктивност туку вештачки поради зголемување на минималната плата која работодавачот е приморан да ја плати, тогаш се очекува дел од најниско продуктивните работници да ја загубат својата работа. Но, што ако ја измериме стапката на вработеност и не само што не забележиме намалување, туку напротив и зголемување? Дали тогаш се што вели економската теорија паѓа во вода? Дали дедуктивниот a priori пристап на австријците е погрешен?

Краткиот одговор е се разбира не. Долгиот одговор започнува со ceteris paribus анализата, односно изоставањето на сите останати варијабли. На пример, ако економијата во последните шест месеци бележела раст на вработеноста од 5%, но откако е донесено зголемувањето на минималната плата тој раст паднал на 2%, тоа не само што не значи дека нејзинот зголемување придонесува до зголемување и на вработеноста, туку напротив довело до нејзино намалување. Ако пак економијата и онака почнала да забавува, предизвикот со кој ќе се соочиме е да се измери кој дел од тие 3% пад во растот на вработеноста се должат на минималната плата, а кој на самото забавување на економијата. Што ако пак работните договори се потпишани на една година и работниците не можат да ја загубат работата? Со секоја наредна варијабла додадена во моделот, тој дополнително се компликува и го прави мерењето потешко. Ова им дозволува на експертите да ги „силуваат“ податоците и дојдат до посакуваните заклучоци. 

Така, на пример, ако наместо да се земе временска серија која ќе ги вклучи и шесте месеци пред воведувањето на минималната плата (без кои не може да се добие реалната слика), донесените заклучоци ќе бидат многу погрешни. Затоа, ако економската теорија е базирана на дедуктивниот пристап, австријците би рекле дека во ниту еден случај зголемувањето на минималната плата нема да доведе до згоемување на вработеноста. Се што ќе се разликува од случај до случај ќе биде само големината на разликата во вработеноста.

150 години подоцна

Од една страна, големината на Менгер и маргиналистите се состои во тоа што даваат одговр на многу важни прашања кои ги мачеа економистите со децении. Од друга страна, им ги отворија вратите на наредните генерации на економисти за да дојдат до нови знаења. Во исто време треба да помислиме и на тоа колку модернота хипер-математизирана економија се коси со реалноста (помислете на моделот на перфектна конкуренција, на пример). Економската наука и политиките кои би следеле подоцна би биле многу поразлични доколку би се следел аналитичкиот пат предложен од страна на Менгер, односно логиката позади индивидуалниот избор, ривалско формирање на цени, значењето и природата на монополот, итн. И 150 години подоцна, Менгер служи како инспирација за одново да размислиме за природата на еконмската наука.