Милтон Фридман: Виртуозот на слободата
Извор: www.executiveexcellence.com

Милтон Фридман: Виртуозот на слободата

Да беше жив денеска, Милтон Фридман ќе го прославеше својот 108-ми роденден. Омразен од многумина, почитуван од уште повеќе, во својот долг живот остави многу зад себе. Кога би ги прашале оние кои го изучуваат животот и делото на Фридман што е она што го прави специјален, тешко дека ќе дојдете до еден одговор кој ќе ги задоволи сите.

Меѓутоа, денес човек како Милтон Фридман нема, тоа е повеќе од очигледно. Фридман живее во време пред интернетот да биде навистина достапен и користен, а сепак постигнува светска слава, како меѓу професионалните економисти и политичари, така и кај јавноста. Што можеби е уште почудно како во време лесна достапност на информации и кога подкасти испливуваат секојдневно, нема луѓе од калибарот на Фридман кои ќе достигнат слично ниво на светска слава . Многу истражувачисе обидуваат да дојдат до одговорот зошто е тоа така. Ваше е да одлучите дали некој од овие одговори ќе ве задоволи.

Милтон Фридман ја добива нобеловата награда по економија во 1976 година, меѓудругото и за монетарна теорија и историја. Во книгата „Монетарната историја на САД 1867-1960″ напишана заедно со Ана Шварц, тие тврдат дека промената во паричната маса влијае врз економијата и економските флуктуации. Тоа ги прави парите да не се неутрални, односно играњете со паричната маса прави несакани последици да излезат на површина. Делот од книгата наменет на големата депресија од 1929-1932 година е публикувана и како посебна книга каде што тие тврдат дека федералните резерви (Централната банка на САД) можела да ја намали сериозноста на депресијата ако ја превземела улогата на менаџирање на монетарниот систем. 

Слободната трговија е една од најважните, ако не и најважната институционална варијабла кога се разботи за економската благосостојба. Тоа им  беше јасно на Адам Смит и Дејвид Рикардо уште во времето кога меркантилизмот царуваше. Економијата има многу напреднато во повеќе од два века нејзино постоење, а сепак во 2020 година администрацијата на Доналд Трамп не разбира дека трговијата претставува благодет за обете страни. Ако текстовите од XVIII век се премногу архаични, можеме да се вратиме во 1970-те години и одбраната на слободната трговија на Фридман.

Тојобјаснува кога се работи за меѓународна трговија, политичарите патат од потребата да се извезува, наспроти увозот. На тој начин тие остануваат слепи на добивките од меѓународната трговија. Но, напротив, една нација е толку побогата колку што повеќе успева да увезе отколку што ќе извезе. Кога ќе го спротивставите трговскиот биланс на државата со оној на домаќинството, ви станува јасно дека колку што е поголем увозот во толку подобра состојба се наоѓа домаќинството, односно државата.

Фридман е еден од оние чии дела овозможуваат често да бидат цитирани. Во „Капитализам и Слобода“ тој ќе напише: „Најголемиот дел од аргументите против слободниот пазар се недостаток на верба во во самата слобода“. Кога ова ќе го поврзете со неговата поддршка за легализација на дрогата, ќе ви стане јасен вредносниот систем во кој тој е задоен. 

Извор: www.downpour.com

Имено, таа поддршка не произлегува од фактот дека самиот тој ги конзумирал вавките супстанци, туку од верувањето дека ако луѓето сакаат да се убијат тие го имаат правото да го направат тоа. Не претставува ништо дуро освен етички проблем кога државата прави криминалци од оние луѓе со кои ние не се сложуваме, а истите не им штетат на трети лица. А кога ќе фрлиме поглед на реалната слика и во духот на чикашката економска школа емпириски да измериме, најголемиот дел од штетата од криминализацијата на ваквите супстанци е нивната нелеганост, која честопати ја осеќаат на своја кожа трети (невини) лица.

Сепак, за јавноста Фридман секогаш ќе биде запаметен по документарната серија од десет дела од 1980 година „Слободен избор“ каде што се залага за принципите на слободниот пазар у уште во првиот дел го вперува вниманието на Хонг Конг и како моќта на пазарите му овозможи на ова мало парче карпа да стане една од најбогатите земји во светот.

Исто така, неговото учество во администрацијата на Роналд Реган и блиската поврзаност со администрацијата на Маргарет Тачер од 1980-те години ќе остави свој белег зад себе. Тоа претставува и појдовна точка за она што денес го нарекуваме неолиберализам, односно елиминирање на ценовни контроли, дерегулација на пазарите на капитал, намалување на трговските бариери и намалувањето на влијанието на државата во економијата, пред се преку приватизација.

Во либертаријанските кругови Милтон Фридман честопати е напаѓан (link 1, link 2) поради неговата умереност, но има и такви кои воопшто не го делат тоа мислење. Како и да е, тој ги претставуваше своите позииции на многу директен и едноставен начин. Никогаш не се служеше со академски жаргон, користејќи онолку зборови колку што се потребни. 

Во 1956 година, во период кога светот беше обземен од идеите на централно планирање, пред публика која во многу од работите се сложува, Лудвиг фон Мизес ќе ја тресне вратата велејќи: „Вие сите сте еден куп социјалисти“. Фридман напротив, нив целиот тек на својата кариера знаеше со кој си има работа, па можеби и затоа беше толку успешен, покрај тоа што беше успешен економист, така и идеите за (економската) слобода да му бидат прифатени од јавноста и политичарите.

Simon Sarevski

Симон Саревски,
дел од тимот на Либертаниа – ЦСП