На втори март е роден Мареј Ротбард – таткото на анархо-капитализмот

На втори март е роден Мареј Ротбард – таткото на анархо-капитализмот

На 2 март 1926 година е роден еден од современиците на класичниот либерализам, таткото на анархо-капитализмот Мaреј Ротбард, а умира во 1995. Има напишано повеќе од 20-тина книги во областа на економијата, философијата и политичката теорија. Ротбард истакнува дека сите услуги обезбедени од државата како монополски систем можат да бидат обезбедени поефикасно, т.е. подобро и поефтино од приватниот сектор, а државата ја нaрекува ,,организација на систематска кражба.”

Негови најпознати дела се: ,,За нова слобода: Либертаријански манифест,” ,,Анатомија на државата,” како и ,,Човек, економија и држава: Пазар и моќ.”

Мaреј Ротбард е еден од највлијателните фигури во современите либертаријански движења, а воедно претставува еден од неговите иницијатори. Неговото значење не е ограничено само на науката, туку и во застапувањето и промоцијата на идеите за лична слобода и просперитетно општество.
Во негова чест и со цел промовирање на неговото дело, со вас споделуваме линк од каде можете бесплатно да ги преземете неговите најпознати дела.