На денешен ден е роден Фридрих Хајек

На денешен ден е роден Фридрих Хајек

На денешен ден е роден Фридрих Хајек (8.5.1899-23.3.1992), австриски економист и политички филозоф. Застапник на идеите на класичниот либерализам и она што денес се нарекува либертаријанизам. Она по што го препознаваат е неговата теорија за спонтаниот поредок и книгата Пат кон ропство.

Роден во семејство на професори, ја продолжува традицијата со тоа што и тој продолжува да се занимава со наука. Предавал на Лондонската школа за економија и на универзитетите во Чикаго, Фрајбург и Салцбург. Добитник е на Нобеловата награда за економија во 1974 година (која ја дели заедно со Гунар Мирдал) за неговата “пионерска работа во теоријата на пари и економски флуктуации и за анализа на меѓусебна зависност на економските, социјалните и институционалните феномени.”

Како претставник на австриската економска школа, Хајек силно верува во индивидуализмот и слободата на пазарот и со тоа е неуморен критичар на социјализмот. Неговото дело Пат кон ропство (1944) беше една од првите книги што го нападнаа економскиот интервенционизам. Хајек важи за еден од најважните социјални теоретичари и политички филозофи на дваесеттиот век. Неготово искуство и различни политички системи во кои се нашол го направиле исклучителен филозоф, а живеел во Австрија, САД, Велика Британија и Германија.

Најголемиот дел од својата академска работа го поминал на Лондонската школа за економија, Универзитетот во Чикаго и Универзитетот во Фрајбург. Се појавува и како основач, претседател, а подоцна и почесен претседател на здружението Монт Пелерин (Mont Pelerin Society) во истоимениот град во Швајцарија, здружение кое ги обединува водечките слободарски автори од целиот свет. Со неговата работа значително придонел во развивање на либералната идеја не само од економски и филозофски аспект туку и од социолошки и политиколошки.

Во негова чест ви нудиме неколку дела во областите во кој дал особен придонес, и тоа:

Индивидуализам (individualism)

Friedrich Hayek – Individualism: True and False
Friedrich Hayek – Why I am Not a Conservative
Friedrich Hayek – Individualism and Economic Order

Проблемот со знаењето (the knowledge problem)

Friedrich Hayek – The Use of Knowledge in Society
Friedrich Hayek – The Pretense of Knowledge

Спонтан поредок (spontaneous order)

Steven Horwitz – From Smith to Menger to Hayek: Liberalism in the Spontaneous-Order Tradition
Carl Menger – The Origins of Money
Leonard Read – I, pencil

Денационализација на парите (denationalization of money)

Friedrich Hayek – The Denationalization of Money
Friedrich Hayek – A Free-Market Monetary System

Невозможноста на социјалната правда (social justice)

Is There a Case for Private Property? (Youtube video)

Повеќе информации за Хајек можете да прочитате во следниве есеи:

Kai Weiss – Five of Hayek’s Biggest Ideas: A Study Guide
Kai Weiss – Why We Need Hayek Today?