Националната конференција на тема „Вовед во слободарство“


Студенти За Слобода ја започнуваат новата 2020 година со Националната конференција на тема ,,Вовед во слободарство”. 

На конференцијата, заинтересираните учесници ќе имаат можност да се запознаат со Студенти за слобода и мрежата Европски студенти за слобода, вовед во идејата на слободарството или либертаријанизмот, симболите и ликовите преку кои е претставена оваа идеја, и секако уметничкиот израз на слободата, проследен со актерски настап. Исто така ќе биде прикажен и краток филм, после кој ќе следи дискусија.

Конференцијата има за цел да ги инспирира учесниците, да ги прошират своите видици, да стекнат нови знаење, и секако, да се запознаат меѓусебно, да разменат искуства, како и да бидат во тек со релевантните меѓународни слободарски движења.

Настанот ќе се одржи на 8 февруари, со почеток од 11 часот, во “Хотел Театар”, Битола,. 

Учеството е бесплатно, а секој учесник ќе добие сертификат за присуство. 

Местата се ограничени, па затоа резервирајте го вашето место со пополнување на формуларот на овој линк.