Најдобри или најлоши времиња
Извор: www.speakfreely.today

Најдобри или најлоши времиња

Денеска живееме во најдоброто време во човековата историја, без оглед што се справуваме со COVID-19 кризата. Помислете на минута за тоа дали би избрале да живеете во било која друга ера, дури и во состојба без здравствена криза, дури и да сте Џеф Безос или Бил Гејтс на тоа време. 

Парискиот мировен договор беше потпишан 1947 година и оттогаш незнаеме за војна помеѓу две големи сили. Модерната техонологија ни овозможува секакви благодети, незамисливи пред само неколку децении. Во исто време на знаење и достапоност до информации, уплашени сме од 5G и веруваме дека Земјата е рамна. Престанавме да се восхитуваме на идеите кои го заслужуваат истото, а се повеќе се грижиме за небитни работи како релативна благосостојба претставена преку доходната нееднаквост, наместо апсолутната која и е навистина важната.

COVID-19 кризата ни покажа дека преку ноќ безмалку сите „станавме” сезнајни експерти со моќ да ги „решиме проблемите во општеството само ако имавме магично стапче во ракaта.” Би рекол дека како и секоја претходна криза и оваа ќе ја пребродиме, а наскоро нова повторно ќе ни затропа на вратите. Можеби најважно во тие моменти е да останме скромни, потсетувајќи се на своето (не)знаење.

Прочитајте повеќе во текстот кој е објавен на speakfreely.today на овој линк.   

Simon Sarevski

Симон Саревски,
дел од тимот наЛибертаниа – ЦСП