Предавање на Немања Радојевиќ на Школата Џон Галт во Битола

Предавање на Немања Радојевиќ на Школата Џон Галт во Битола

На 19 ноември на Школата за објективизам – Џон Галт во Битола се одржа четвртото предавање на тема Хероите на обејктивизмот, а гостин предавач беше Немања Радојевиќ од Балкански објективистички центар од Белград и пратеник во Парламентот на Република Србија.

Немања на предавањето ги изложи основните постулати на објективизмот, со посебен акцент на метафизиката и епистемологијата, кои недвосмислено се однесуваат на хероите на објективизмот. Хероите на објективизмот се однесува на она што Ејн Ранд го поистоветувала со произведувачи/создавачи (producers), претприемачи или луѓе кои создаваат и разменуваат идеи, вредности, дела и сл.