Photo by Jay Lamm on Unsplash

Објективистичката епистемологиja и доблеста на егоизмот – Предавање на Д-р Караџов

Во организација на OHRID Institute for Economic Strategies and International Affairs изминатиов период се реализира последната итерација на Школата за објективизам – Џон Галт. Еден од предавачите на Школата беше и научниот соработник на Либертаниа, д-р Бошко Караџов. Во рамките на тематската сесија Ајн Ренд – Филозофија: Кому му е потребна, д-р Караџов го приопшти неговото авторизирано предавање со наслов Објективистичката епистемологиja и доблеста на егоизмот во филозофско-книжевните дела на Ајн Ренд. Во него учесниците на Школата беа запознати со историскиот контекст на објективизмот на Ајн Ренд како филозофски систем и неговото општествено-политичкo значење. Како и со содржината од нејзините најзачајни филозофски дека како што се: For the New Intellectual (1961), The Virtue of Selfishness (1964), Capitalism: The Unknown Ideal (1966), The Romantic Manifesto (1969), The New Left: The Anti-Industrial Revolution (1971), Introduction to Objectivist Epistemology (1979) и Philosophy: Who Needs It (1982).

Меѓутоа, посебен фокус во првиот дел на предавањето беше насочено кон нејзиниот метафизички реализам и уверувањето во нужноста на постоењето (existence) на еден онтолошки ред (стварност/реалност) комплетно независен од умот. Но, од друга страна, дополнително, се зборуваше и за нејзината т.н. онтолошка трихотомија во која Ренд стипулира посебен вид на појави/светови кои на одреден начин се определени од умот и неговите конститутивни и познавателни моќи. На темелот на нејзиниот онтолошки реализам, беше предочена нејзината инспирација од Аристотеловиот Органон со цел да даде поширок контекст и разбирање на нејзината епистемолошка позиција во која, токму во Аристотеловски дух, Ренд придава исклучително и пресудно значење на човековиот ум и неговите познавателни способности како што се: перцепцијата, поимањето, облиците на заклучување и др. логички алатки на умот за севкупниот развој и постоење на човештвото. 

Во вториот дел од предавањето фокусот беше на нејзината контроверзна, но, често, многу пати, погрешно интерпретирана метаетичка теорија за вредноста на доблесниот егоизам. Низ историски контекст, почнувајќи од Никомаховата етика на Арстотел и античкиот идеал на евдамонија, па преку разликувањето на хеторономниот и автономниот морал и Кантовиот категорички морален императив, беше предочено дека доблесниот егозиам на Ренд не е никава безочна, ничеанска или палео-дарвинистичка теорија за некава си вредност на неморалноста и ,,газењето” по туѓата несреќа, ниту пак дека е некаква „интелектуална“ апологијата на злодејството. Туку, напротив, метаетичка теорија за потрагата по нештата во животот кој најмногу ги вреднуваме и содавањето заедница на самосвесни единки во која никој не се жртвува за другите, но ниту некој смее да ги жртвува другите за себе си. Низ конкретни примери од општествено-економското секојдневи беа образложони нејзината негативна вредносна позиција за колективистичките форми на т.н. алтруизам преку кој се создаваат правните системи во кои формите на оттуѓување на заработката, сопственоста, па и животот на човекот, не само што се овластени и озаконети, туку им се придава и морален контекст кој ги глорификува. Нејзиниот концепт за моралноста на егоизмот во основа е разголување на неоснованоста и нечовечноста на таквите форми на идеолошка или колективистичка глорификација и наметнат морализам.

Во завршниот дел, преку нејзините книжевни остварувања како: Night of January 16th (1934), We the Living (1936), Anthem (1938), The Fountainhead (1943) и Atlas Shrugged (1957), се зборуваше за нејзината естетичка теорија и филозофија на уметноста. За неа, накратко кажано, главната функција на уметноста во општеството е когнитивна или епистемолошка. А тоа значи дека функцијата на уметноста е да ги изрази апстракните концептуални вредности, трансценденции, комплексни идеи, онтолошки вистини, етички аксиоми, политичко-економски идеали и сл. метафизичко-аксиолошки (вредносни) судови во конкретна перцептибилна форма. Поточно, филозофски промислените основните вредности и идеали преку уметноста и уметникот го добиваат оној клучен елемент за нивното финално и комплетно разбирање кој Ренд го нарекува sense of life. Нејзините книжевни дела е најдобра илустрација на нејзината естетичка теорија.На крајот од предавањето заклучноц е предочено дека во Македонија, во рамките на политичко-економскиот дискурс, има голема потреба и интерес да се говори за Ајн Ренд и нејзините идеали за индивидуалното и слободно општество каде претприемачите, бизнисмените, трговците, еснафите и другите со чесната стопанска инцијатива се современите титани како Атлас кои на своите плеќи ги носат, не само привилегиите на политичката каста, не само можноста за распределба на доходот и до оние кои се на маргините, туку и севкупниот општествен, економски и технолошки развој. Потребата да се говори за слободниот пазар, претприемништвото, моралноста на капитализмот и слободата, извира и од фактот што во Македонија е исклучително тешко да се говори за овие теми и идеали, не толку поради наследената социјалистичка традиција и политичка култура на месијански очекувања за надворешна и божествена интервенција во светот на политиката и економијата, туку поради тоа што нашата, условно кажано, економска слобода и обид за создавање пазарно општество се извитопери во суштинските спротивности на она за што се заглагаа корифеите на политичко – економски либерализам, меѓу кои, на еден посебен начин, со  sense of life, и самата Ајн Ренд.