ОБЈЕКТИВИЗАМ И СЛОБОДА: ИНТЕРВЈУ СО ТАЛ ТСФАНИ
Фотографија: www.ari.aynrand.org

ОБЈЕКТИВИЗАМ И СЛОБОДА: ИНТЕРВЈУ СО ТАЛ ТСФАНИ

Тал Тсфани е извршен директор на Ејн Ренд Институт (Ayn Rand Institute), ко-основач на Ејн Ренд Центар Израел (Ayn Rand Center Israel) и автор е на книгата за деца Софи (Sophie). На овогодинешната објективистичка конференција AynRandCon Europe 2020 која се одржа во Варшава од 14 до 16 февруари, нашиот координатор Симон Саревски поразговара со него за објективизмот, класичниот либерализам и предизвиците на слободата во 21-виот век.

Симон Саревски: Ејн Ренд која беше советски мигрант го презираше комунизмот и тоталитарните режими. Кога студената војна беснееше, слободниот свет беше прибежиште за оние како неа. Дали е сеуште така или ситуацијата е променета?  

Тал Тсфани: Не мислам дека е како што беше, во смисла поларизацијата е на пониско ниво. Русија денес, не е тоталитарна како што некогаш беше Советскиот Сојуз. Но сепак, Русија е сеуште авторитарна, а и ситуацијата во Америка e полоша. Од таа перспектива мислам дека не е исто, но сепак би  ги поттикнал сите во светот, без разлика дали доаѓаат од Русија или не, да се преселат во послободни општества, без оглед на тоа дали тие биле Нов Зеланд, Хонг Конг, Сингапур, или било која друга слободна земја. Израел е добро место за живеење, прилично слободна земја, но не како САД. Тоа значи дека, како поединец, во САД  имаш повеќе можности. Па така, ги поттикнувам луѓето да се преселат ии да ги оптимизираат условите на животот. Вие имате еден живот кој е исто краток. Ставете се во најдобрата позиција во која можете со цел да успеете.Симон Саревски:  Технологијата е благодет за човештвото. Но, кога ќе тргне на погрешен пат, последиците можат да бидат катастрофални. Во Кина, пред неколку години беше воведен социјалниот кредитен систем чиј потенцијал е застрашувачки. Кој пат, Кина и западот генерално, се спремни да го превземат во годините кои доаѓаат?

Тал Тсафани: Целосно си во право.

Сама по себе, технологијата не е лоша. Луѓето кои ја користат одредуваат дали ќе биде искористена за добро или зло.

Нуклеарното вооружување на еден начин е добро. Во вистинските раце тие создаваат мир, додека во погрешните раце можат да доведат до уништување. Технолошкиот напредок никогаш не треба да го запреме и сметам дека се движиме кон подобар свет. На луѓето  треба да им дозволиме да создаваат повеќе, да ги елиминираме тоталитарните режими бидејќи тие се оние лошите, а  во исто време да не ја префрламе одговорноста на алатките, туку врз луѓето кои ги користат истите.

Пиштолот е само пиштол. Човекот кој е позади пиштолот одлучува дали тој ќе биде за заштитита од силување или да убиство на невина личност. Затоа, не треба да ги мешаме алатките со луѓето кои ги користат.

Само со помош на моќта на идеите тоталитарните режими ќе паднат. Но, играјќи ја улогата на адвокат на ѓаволот ќе речам, не екслуивно преку економските идеи. Користејќи ги економските аргументи, ние ја гребеме површината. Австриската школа, на пример, која има навистина извонредни откритија, може да објасни многу, но ништо од тоа нема да лежи на цврсти темели, бидејќи философијата, “она што е добро” и етиката позади истото се изоставени. Организациите кои се фокусираат на економијата ова не го сфаќаат и прифаќаат.

Учесници на Ајн Ранд конференција зборуваат со предавач

Симон Саревски: Во Химна (Anthem) Ранд зборува за свет во кој се што претставува поединец е загубено, дури и самиот збор ,,јас.” Денес повторно живееме во време на трговски војни и протекционизам – свет на ,,ние против нив”.   Колку уплашени треба да бидеме?

Тал Тсафани: Прво, дозволете ми да се согласам со тезата – трибализaм и колективизам постојат и лесно може да се види ,,ние против нив” каде што ,,јас” не игра никаква улога. Дури и Трамп зборува само за ,,нас,” Америка да биде голема, а не вие лично. Кога наместо Америка би рекле Германија, пораката е иста. 

И да, можеби треба да бидеме исплашени бидејќи она што го знаеме како Америка исчезнува. Светилникот на слобода и капитализмот каков што го знаеме исчезнува. Ако ја немавме Америка немаше да имаме друга слободна земја во светот.

Всушност, ако немаше одредено ниво на политичка слобода во Обединетото Кралство, немаше да ја имаме Америка, а ниту пак ќе имавме друго слободно општество. Тоа е она што ја прави, во најдобра рака, ситуацијата загрижувачка.

Симон Саревски: Нееднаквоста и климатските промени за левицата, а уништувањето на фамилијата и кризата со опиоиди за десницата, претставуваат опасностите на модерното време. Како еден објективист гледа на ова?

Тал Тсафани: Со разум. Заштитата на животната средина и климата се многу сложени прашања. Истите луѓе кои проектираа глобално заладување во 70-тите, глад во 80-тите, и недостаток на нафта во 90-тите, денес предвидуваат климатски катастрофи, иако не постои доказ дека имаме зголемување на температурите и покрај тоа што секое од наведените предвидувања беа погрешни. Човековиот ум има бесконечен потенцијал да решава проблеми, било тоа да е храна, зголемување на население, или раст на температури. Само оставете ги луѓето слободни, дадете им поттик да ги решат проблемите и тие ќе го направат тоа. Она што заговорниците на апокалипса се обидуваат да го направат е да ја намалат нашата можност за решавање проблеми, да ги намалат поттици за нивно решавање, мислејќи дека владата може да ги реши преземајќи ја науката во свои раце. Од друга страна, кај десницата може да се забележи истиот колективизам. Зошто фамилијата е поважна од поединецот? Тие одат дотаму што некои се противат на зголемувањето на животниот век поради растот на стапката на разводи. Тоа е смешно! Единствената работа за која треба да се грижиме е личната среќа, личната исполнетост и околината која ни го дозволува истото.

Учесници на AynRandCon2020 заедно со Тал Тсвани

Симон Саревски: Без оглед дали некој се сложува со Ренд или не, таа е икона и херој за поединецот. Кои се критиките упатени кон неа и објективизмот генерално, кои најмногу ви влегуваат под кожа?

Тал Тсафани: Она што го презирам најмногу од нападите упатени кон неа е неразбирањето на нејзините позиции и самата нејзина големина. Кога зборуваме за Ренд не зборуваме само за добар автор, некој кој кажал нешто за сиромашните или застанал во одбрана на капитализмот. Ренд создаде философски систем од почеток до крај, со сите пет гранки на философски систем. Луѓето како неа во историјата се бројат на една рака. А денес, Ајн Ренд не се смета за философ во одделите за философија во универзитетите низ светот. 

Симон Саревски: Кои се нејзините најважни придонеси?

Тал Тсафани: Вовед во објективистичка епистемологија (Introdcation to Objectivst Epistemology) е книгата која го открива процесот, односно теоријата на формирање концепти преку којa се доаѓа до концепти, кои се нашите алатки за размислување, како доаѓаме до идеја дека масата е маса, што правите за да ја видите масата во купот различни маси, како ги поврзувате… Од оваа теорија вие можете да извлечете етика, политичка филозофија, да ја оправдате слободата… Можете да извлечете се! 

Симон Саревски: Американските револуционери беа водени од масимата ,,Дајте ми слобода, или дајте ми смрт!”. Кога Сократ беше соочен со истата ситуација, тој избра смрт. Што би избрал објективист како вас, кога би се нашол во истата ситуација, живеејќи во нацистичка Германија?

Тал Тсфани: Ова е многу лично прашање. Бидејќи сум различна личност од останатите, сметам дека прашањето е – Што Тал би направил?, а не – Што објективист би направил? Па така, има луѓе кои би бегале и би се криеле, луѓе кои можеби би пишувале со цел да им го променат мислењето на останатите. Јас дефинитивно би се борел! 

Симон Саревски: Дали би се жртвувале?

Тал Тсафани: Јас не се жртвувам! Воопшто не. Јас ќе го заштитувам мојот живот и ќе се борам за моите идеали, придржувајќи се кон она што ми е дадено. Јас сум човек кој се бори, се обидува да ја промени реалноста, активист, човек кој не може да седи пасивно. Знам дека ако ме ставите во таква ситуација, јас би бил првиот кој ќе повика да направиме нешто во врска со тоа. Но, тоа не значи дека објективист треба да прави вака или онака.

Ако навистина го разбирате објективизмот, тој ве учи  на одредени принципии и бара од вас да бидете вие, но на најдобар можен начин.

Симон Саревски: Како да се најде слобода во неслободен свет?

Тал Тсфани Прво, светот е до некаде слободен. Најдете се во послободна ситуација! Ако не можете, најдете опкружување кое е послободно, каде што ќе можете да се обидете да се исполните себеси. Обидете се да го намалите влијанието на ограничувачките даноци. Избегнете ги индустриите кои се во голема мера регулирани. Обидете се да најдете начин да го создадете сопствениот кожурец на слобода во неслободен свет и не дозволувајте животот да ви биде насочен во депресија и анксиозност. Некои луѓе се нурнати во “свет кој е за никаде и се додека не се промени, не можат да почнат да живеат” – не, вие си го трошите својот живот! Треба да се соочите со реалноста, каква што е. Да се обидете да ја промените, да го наравите најдоброто што можете со она што го имате.

Ако сте активист како мене, посветете го животот надвор од сцената и обидете се да им го промините мислењето на луѓето. Но не морате! Можете да бидете доктор, архитект. Правете го тоа што го сакате! Јас така би го третирал современиот свет, бидејќи тој е делумно неслободен, но и делумно слободен.

Simon Sarevski

Симон Саревски

Дел од тимот на Либертаниа и Студенти за слобода